15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Во Скопје се разговара за европската перспектива на регионот

Лидерите од земјите од регионот денеска, 22 јануари, ќе одржат состанок во Скопје посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија (ЕК).

На состанокот ќе присуствуваат и помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, и генералниот директор за соседство и преговори за проширување во ЕК, Герт Јан Копман.

Од лидерите од регионот најавено е учество на претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, премиерот на Косово Албин Курти и премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ, а видеообраќање ќе има и Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Поголем дел од учесниците веќе се во Скопје и синоќа (21 јануари) имаа и неформална средба, на која покрај домаќинот – премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваа и претседателот Стево Пендаровски, првиот вицепремиер Артан Груби и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Планот за раст на Западен Балкан, на кој е посветен состанокот во Скопје, Брисел го презентираше на 8 ноември 2023 година заедно со извештаите за напредокот на земјите. Тој се однесува на периодот од 2024 до 2027 година, а содржи шест милијарди евра за шесте земји од Западен Балкан – две како неповратни средства, а четири милијарди како поволни заеми. Меѓу целите на планот е создавање единствен регионален пазар и пристап до пазарот на ЕУ, удвојување на економиите и намалување на социоекономскиот јаз помеѓу државите од регионот и членките на Унијата.

Покрај состанокот наменет за Планот за раст, во Скопје вчера требаше да се одржи и настан по повод започнување на мерката за „Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан“, но од владината прес-служба информираа дека се одложува до моментот кога целосно ќе се овозможат техничките услови за имплементацијата на мерката во Албанија, Србија и Северна Македонија, поединечно.

За утре и задутре (23 и 24 јануари), пак, најавена е годишна конференција „Година на европски можности“.

Related posts

Армијата влегува во нова фаза: Хеликоптери до крајот на годината, повисоки плати од 2027

admin

Опозицијата во Унгарија прогласи убедлива победа, Орбан призна пораз по 16 години на власт

admin

Владата го објави повикот: Ваучери од по 250 евра за 55 илјади студенти

admin

Црна Гора не сака ЕУ без право на вето, Рама е против: доста се блокираме едни со други

admin

Судењето за железничката трагедија во Грција почна среде штрајкови и политички тензии

admin

ДУИ СЕ НАДЕВА НА „ДВА ВО ЕДЕН“ ПРОТИВ СПОРТСКИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ

ninja