31.8 C
Скопје
12 јуни, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Германија: Се шират протестите против десничарската АфД

Ширум Германија, десетици илјади луѓе вчера повторно излегоа на улиците за да протестираат против десничарскиот екстремизам. Најголемите демонстрации се одржаа во Хамбург. Протести се најавени и за викендот.

 

Десетици илјади луѓе ширум Германија протестираа во петокот (19 јануари, 2024) против десничарскиот екстремизам и расизам. Во последните денови имаше многу собири против десничарскиот екстремизам, често со значително повеќе учесници од очекуваното.

Во Минстер на улиците излегоа околу 20.000 луѓе. Полицијата на крајот го затвори главниот плоштад бидејќи беше претесен за да ги собере сите што сакаа да дојдат. Повеќе од 10.000 луѓе беа на улиците и во другите градови во Северна Рајна-Вестфалија, како што е Бохум.

Антидесничарски протест вчера (19 јануари, 2024) се одржа и во градот Јена
Антидесничарски протест вчера (19 јануари, 2024) се одржа и во градот Јена Фотографија: Bodo Schackow/dpa/picture alliance

 

Канцеларот Олаф Шолц ги поддржа демонстрациите против екстремната десница, а и тој самиот учествуваше на митингот во Потсдам. „Затоа што тоа што го доживуваме во моментов тука во нашата земја навистина се однесува на сите нас – на секој од нас. Ако нешто никогаш не смее да има место во Германија, тоа е етничката расна идеологија на националсоцијалистите“, рече Шолц.

Повод – десничарскиот план за протерување на странците

Повод за бројните демонстрации против екстремната десница е извештајот за тајната средба на десничарските екстремисти на крајот на ноември, кој го објави медиумската компанија Коректив.

На средбата во Потсдам, каде што познатиот австриски неонацист Мартин Зелнер зборуваше за план за масовно протерување на луѓето со миграциско потекло, учествуваа и политичари на Алтернатива за Германија (АфД), меѓу кои и Роланд Хартвиг, сега веќе поранешен референт на колидерката на десничарката партија АфД, Алис Вајдел, како и политичари на демохристијанската ЦДУ.

Протестите во Хамбург прекинати поради пренатрупаност

Убедливо најголемите протести се одржаа во Хамбург. Организаторите таму очекуваа 10.000 луѓе, но дојдоа значително повеќе, толпата беше толку голема што средбата мораше да се прекине порано. Учесниците пријавиле голема гужва, а во некои случаи било невозможно да се помине. Поради гужвата, запре и локалниот јавен превоз во некои делови.

Конечниот број на учесници сѐ уште не е познат, но според полицијата на улиците имало најмалку 50.000 луѓе. ДГБ Хамбург, еден од организаторите на митингот, пријави 80.000 луѓе, а други организатори зборуваа дури за 130.000 демонстранти.

Полицијата мораше да ги спречи луѓето кои се упатуваа кон бината каде што беше центарот на протестот во ХамбургПолицијата мораше да ги спречи луѓето кои се упатуваа кон бината каде што беше центарот на протестот во Хамбург

Полицијата мораше да ги спречи луѓето кои се упатуваа кон бината каде што беше центарот на протестот во ХамбургФотографија: Jonas Walzberg/dpa/picture alliance

Демонстрации во сабота и во недела

Десетици илјади луѓе ширум Германија се очекува да учествуваат на демонстрациите против десницата и за демократија викендов. Во Франкфурт на Мајна се очекуваат до 30.000 учесници. Во Касел, Гисен, Лимбург и во други градови во Хесен, луѓето сакаат да излезат на улиците против десницата. Организаторите очекуваат значително повеќе од 10.000 учесници на митингот во Хановер во сабота.

Поголеми демонстрации се планирани и во Дортмунд, Ерфурт и во Хајделберг. Демонстрации се закажани во Карлсруе пред Сојузниот уставен суд. Во недела само во Минхен се очекуваат 10.000 до 20.000 учесници на демонстрации против десницата. Митинзи се регистрирани и во Дрезден и во Берлин, како и во Бремен и во Келн, пишува Тагесшау, порталот на германскиот јавен сервис АРД.

 

Related posts

Хенри Кисинџер објаснува како да се избегне третата светска војна

admin

МАКРОН НУДИ ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ

ninja

Стано: Косово ќе се соочи со други рестриктивни мерки доколку Курти не ги исполни меѓународните барања

admin

Северна Македонија ќе се приклучи на ТАП до крајот на годината

admin

Андреас Шиамишис: Трасиран патот за повторно отворање на нафтоводот Солун-Северна Македонија

admin

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПОТРОШУВАЧИ КАКО ПОМОШЕН ЛЕК ЗА КРИЗНОТО ПРОФИТЕРСТВО И НЕЧЕСНИТЕ ТРГОВЦИ?

ninja