3.8 C
Скопје
21 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Некој нема да лета – директорите или авионите

Владата на седница ќе одлучува за иднината на директорите на М-НАВ, дали и натаму ќе седат на тие столчиња по низа скандали и инциденти во таа компанија. Во меѓувреме контролорите на летање се закануваат со генерален штрајк доколку не се разрешат директорите на М-НАВ.

Од утре во 11 часот стартува генералниот штрајк на Синдикатот на контрола на летање во македонската навигација и нема да има полетување и слетување на авиони на скопскиот и на охридскиот аеродром, и со дозволени минимум прелети од десет авиони на час, се до донесување на владина одлука со која може да биде прекинат штрајкот, како таков, а тоа е разрешување на директорите во М-НАВ.

Во штрајк ќе стапат околу 70 контролори на летање кои се членови на Синдикатот на контролори на летање.

Ова известување го испратил претседателот на синдикатот Александар Тасевски до директорите и раководните лица кои, како што вели тој, имаат задача да го препратат до европските институции и авиокомпании кои го користат македонскиот воздушен простор.

М-НАВ е компанија во државна сопственост, која делегира задачи и одговорност за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.

 

Целиот текст достапен ТУКА 

 

Related posts

Бројни институции немаат ни „К“ од капитални инвестиции

admin

Антикорупциска се прогласи за ненадлежна: Прекината постапката за шефот на АНБ, Христовски

admin

САД И ЕУ ПРЕДУПРЕДИЈА НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ДОКОЛКУ КИНА ОБЕЗБЕДИ ПОМОШ ЗА РУСИЈА

ninja

И натаму молк од Софија за Костадинов

admin

По месец дена потрага уапсен индиски сепаратист

admin

Кој е Пригожин, “готвачот” кој тргна по главата на Путин?

admin