12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бесими: Буџетот реализиран согласно планот

 „Буџетот за 2023 година е реализиран согласно планот и се одликува со историски највисоката реализација на капитални инвестиции и по сума и по процент на реализација на планот. Реализирани се 707 милиони евра капитални инвестиции или 97% реализација во однос на планот. Буџетски дефицит од 4,67% од БДП што е на пониско ниво од проекцијата (4,8%) и јавен долг од 59,3% што е на пониско ниво и од планот и од фискалните правила”.

Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите на која потенцира дека ова е прва фискална година, после 12 години, во која не е извршен ребаланс на буџетот.

„Реализацијата на вкупните приходи е 98,3%, на расходите 98,1%. Реализацијата на капиталните расходи или инвестициите е 43,5 милијарди денари или 707 милиони евра што претставува 97% реализација во однос на планот, 4,9% од БДП и 52% повеќе од 2022 година“, истакна министерот Бесими и додаде дека тоа е рекордна реализација на капиталните расходи во однос на планот, во последните десет години.

Она што е важно, како што напомена, е дека капиталните расходи заземаат значително место во структурата на буџетот и дополнително во 2023 година онаа што беше најавено е остварено, а тоа е дека капиталните расходи се реализирани на ниво повисоко од буџетскиот дефицит кој е реализиран на ниво од 41,423 милијарди денари.

„Ова значи дека задолжувањата се направени само за инвестиции, а при тоа се продолжи со определбата за фискална консолидација. Односно, буџетскиот дефицит е на ниво од 4,67% од БДП што е пониско од проектираното (4,8% од БДП). Ваквиот тренд следи од 2020 година. Буџетски дефицит во 2020 е релизиран 8% од БДП проектиран 8,4%, 2021 година реализиран 5,4%, проектиран 6,1%, 2022 реализиран 4,5% проектиран 5,4% од БДП. Така што ваквиот тренд продолжува и во 2024 година тој е проектиран на ниво од 3,4% што е согласно фискалните правила, ако се земе предви дека 0,4% од дефицитот е за спроведување антикризни мерки“, појасни министерот Бесими.

Напомена дека покрај зголемување на средствата за инвестиции, повеќе средства се одвоени и за поддршка на стопанството и граѓаните, односно 5,2 милијарди денари за компаниите, 8,8 милијарди денари субвенции во земјоделството, 1,97 милијарди денари за субвенции во образование, 874 милиони денари субвенции во културата и 185 милиони денари субвенции во спортот. Повеќе средства се трансферирани и до единиците за локална самоуправа во износ од 27,7 милијарди денари.

Министерот посочи и на поддршката што е реализирана за справување со кризата и поддршка на стопанството и граѓаните во износ од 5,5 милијарди денари.

„Главниот аспект е постигнат. Буџетот е во рамки на планот, остваувањата се балансирани на ниво на приходи и расходи, финансирањето е обезбедено со понизок трошок, капиталите расходи се на пониско ниво од дефицит“, рече министерот и додаде дека ваквата реализација е солидна основа за наредниот период за економски развој.

Related posts

АМЕРИКАНСКИТЕ ИСТРАЖИТЕЛИ ЗА КОРУПЦИЈА ЈА НАПУШТИЛЕ МАКЕДОНИЈА

ninja

Почина Дарко Димовски, првиот човек на ССМ

admin

Предвидувањата на Баба Ванѓа за 2024 година: Атентат на Путин, огромна економска криза

admin

Недостиг на работници: Околу 10 илјади слободни работни места

admin

На повидок битка за партискиот печат на АА

admin

МАЛ НАПРЕДОК“ ИЛИ ШАНСА ЗА „ИСТОРИСКИ ДОГОВОР“?

ninja