13 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Уставните измени ќе ја кројат владината коалиција

Претседателскиот кандидат поддржан од опозицискиот Европски сојуз за промени, Арбен Таравари, го релативизираше влијанието на косовскиот премиер Албин Кури врз одлуките на опозициските партии на Албанците во РСМ. Тој обелоденува дека тенденција и на Курти, и на премиерот на Албанија, Еди Рама, била заедничка листа на сите партии на Албанците.

„Курти нема никакво влијание Арбен Таравари да стане кандидат или да се обедини албанската опозиција. Дури и да бидам искрен, кажувам ексклузивно, Курти и Рама имаа тенденции дали може да се направи заедничка листа на сите албански партии, дали е тоа веројатно? Не можевме, тоа беше невозможна мисија“, изјави Таравари за ТВ Дукаѓини.

Заедничка листа нема, но како што потенцира Таравари, има заеднички договор меѓу сите партии на Албанците во Северна Македонија.

„Имаме договор меѓу сите албански партии – не влегуваме во влада која не гарантира уставни измени и почеток на преговори“, изјави кандидатот за претседател поддржан од опозициските партии на Албанците здружени во Европскиот сојуз за промени.

Според него, тоа е неопходен услов да се преговара со која било македонска политичка партија.

Веднаш или со временска рамка?

Ова не е првпат Таравари како услов за разговори за учество во идната влада да ги посочува уставните измени „пред сѐ“.

„Зборувам за Алијанса за Албанците. Без разлика колку пратеници ќе имаме, ние нема да бидеме дел од влада која нема да ги направи уставните промени. Ќе бидеме дел од влада која во одреден временски период ќе се обврзе да ги спроведе уставните измени“, рече завчера Таравари на ТВ 21.

Целата анализа е достапна ТУКА 

Related posts

Собранието ќе одлучува за два спорни закона за легализација на дивоградби

admin

Гир загрижен, коридорите 8 и 10д не треба да се означат со европското знаме

admin

ЛОГА ГИ ПОДГОТВУВА ХАШКИТЕ ЌЕЛИИ ЗА ГРУЕВСКИ

ninja

ВИДЕО Од Ист Гејт до митингот на Вучиќ – бесплатен превоз, сендвичи и вода

admin

ИНТЕГРИСТИТЕ И ПОТРАГАТА ПО ВНАТРЕШНА КОХЕЗИЈА

admin

Скопје – два дена центар на светот

admin