11.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дијаспората и по 12 февруари ќе може да се врати со патен лист

Во дел од амбасадите каде е најбројна дијаспората има и по 300 луѓе дневно кои поднесуваат барања за пасоши. МНР најавува мобилизација на дипломатијата. Државата нема да ги извести другите земји дека престанува важноста на старите пасоши, но очекува флексибилност заради за проблемот со издавање нови пасоши. Дали ќе се патува со лични карти во регионот секоја држава посебно ќе одлучува, јави РСЕ.

Неколку стотини илјади граѓани од вторник (13 февруари) нема да може да патуваат надвор од државата бидејќи немаат пасош со новото уставно Република Северна Македонија, обврска која државата ја презеде со Преспанскиот договор потпишан во 2018 година со Грција.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР), од јуни 2021 кога почнаа да се издаваат лични документи со новото име, до 7 февруари годинава, направени се 1 297 447 пасоши. Ако се земат предвид бројките од пописот спроведен во 2021-та, кои покажаа дека вкупното население (вклучително и дијаспората) изнесува 2 097 319 лица, тоа би значело дека речиси 800.000 граѓани немаат патни исправи со Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи (МНР) не ги известило другите држави дека од понеделник на полноќ престанува важноста на пасошите со старото име, а и нема да го направи тоа бидејќи шефот на дипломатијата Бујар Османи вели дека државата нема таква обврска.

„Го анализиравме тоа прашање, видовме дека нема таква директна обврска. Таа обврска што сме ја имале, сме ја исполниле во 2018, а тоа е да известиме дека имаме потпишано Договор. Но конкретно да им кажеме сега, немаме обврска“, вели Османи.

Тој посочи дека Грција ги известила државите, но, додава, „нашето известување е важно, а ние немаме обврска за тоа“.

За хаосот со незапазувањето на рокот сите граѓани да извадат документи со новото уставно име до 12 февруари годинава, Османи не сака да го впери прстот кон никого. Според него, транзицискиот период од пет години за промена бил разумен рок, а дали тоа било комуницирано во МВР кое е надлежно за издавање на документите и што се планирало, вели, треба да се праша таму.

„Јас не сум надлежен за тоа. Јас сум прашал, го знам и одговорот. Мислам дека не сум компетентен и надлежен да одговорам. МНР е целосно организирано“, вели Османи додавајќи дека „не е тука да ги оценува работите, туку да ги решава“.

Тој потенцираше дека она за што е надлежен неговиот ресор е да им излезе во пресрет на граѓаните кои ќе се затекнат надвор од државата со стари пасоши, а за оние кои се во Северна Македонија и треба да патуваат, одговорно е МВР.

А, дали државата ќе им ги рефундира парите на граѓаните чии пасоши имаат рок, но им прекинува важноста поради „12 февруари“, Османи најави оти во вторник (13 февруари) за тоа ќе информира техничкиот премиер Талат Џафери. Тогаш се очекува да има владина седница. За ова прашање требаше да се дискутира и на седницата на 6 февруари, но по нејзиното завршување од Владата немаше информации дека нешто е одлучено.

Related posts

Стигна одговор од партијата на Ахмети: Подготвени да подржиме влада без ДУИ

admin

Цингел: На ЕУ и се брза, но Србија го чека исходот од изборите во САД

admin

ЛОГА МУ „ПРЕСУДИ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

ninja

“Летечка дискотека со туш”, нова понуда за супербогатите

admin

ЕУ воведува нови гранични контроли: Што се EES и ETIAS?

admin

Тврдоглавиот Курти не ги исполнува барањата на САД и ЕУ

admin