23.8 C
Скопје
27 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Март изгор поскап од февруари- 1.000 евра месечно за храна

Вредноста на синдикалната минимална кошница во март „опасно“ расте. Таа сега изнесува 58.998 денари и во споредба со февруари е зголемена за 1.522 денари.

Цените во март повторно се вивнале нагоре, во споредба со февруари, зголемувајќи финансиската дупка на домаќинствата за покривање на најосновните потреби. Последните пресметки на Сојузот на синдикати покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница за март „опасно“ се доближува до 1.000 евра. Таа сега изнесува 58.998 денари и во споредба со февруари е зголемена за 1.522 денари. 

Највеќе рипнале цените на храната и пијалоците. На едно семејство во март му биле потребни минимум  22.681 денари за храна. За споредба, во февруари пресметките биле дека се потребни  21.219 денари, што укажува дека трошоците се зголемиле за 1.462 денари.

Според ССМ, од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за речиси 2.000 денари, или за 9,41 отсто.

Уште потешка е ситуацијата за оние кои немаат свој покрив над глава. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март синдикалната кошничка изнесува над 74 илјади денари.

Профит на сметка на граѓаните

Вредноста на минималната сидикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во март каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалоците. Од ССМ посочуваат дека трговците не го послушале апелот и неосновано „само во интерес на зголемување на својот профит“, енормно ги зголемиле цените на прехрамбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, оосбено по прекинување на мерката на замрзнати цени.

Растот на цените придонесува да се изгуби куповната моќ на граѓаните. Затоа, од ССМ велат дека со новото зголемување на минимална плата од март 2024 година која според пресметките ќе изнесува околу 22.567 денари нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните.

„ССМ предлагаше продолжување на мерката за ограничување на цените во насока на заштита на животниот стандард на работниците и граѓаните особено поради тоа што знавме дека алчноста и профитот на газдите ќе бидат причина за неосновано зголемување на цените на штета на работниците и граѓаните, а тоа е нешто што не смее да се дозволи. Работниците и граѓаните ги повикуваме незадоволството да го изразат заедно со ССМ на протест и да ни се приклучат, затоа што моментот кога треба да бидат гласни е сега“, порачаа од синдикатот. /DW

Related posts

Уставни измени па избори или обратно? Власта и опозицијата на различни фреквенции за консензус

admin

Западни дипломати со писмо до САД, ЕУ и ВБ: Бидете покритични кон Вучиќ, Косово е независна држава

admin

Половина од Македонците сметаат дека војната во Украина е судир меѓу Русија и НАТО

admin

Албанската опозиција со заеднички став: Доколку нема уставни измени да има предвремени избори

admin

Германската економија продолжува да тоне

admin

Ковачевски пред странските студенти: Отворен Балкан создава нови перспективи за Северна Македонија

admin