22.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Уставни измени па избори или обратно? Власта и опозицијата на различни фреквенции за консензус

Ако опозицијата изгласа уставни измени, ние сме подготвени уште утредента да одиме на избори и тоа е јасно, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА, отворајќи ја повторно темата за брзи избори, долго време побарани од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Инбокс7.

„Ако опозицијата изгласа уставни измени ние сме подготвени уште утредента да одиме на избори и тоа е јасно“, вели Ковачевски.

На ова, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека „консензус за уставни измени под бугарски диктат не е можен, единствено можен е консензус за избори“.

„Тоа што е суштинско и што недостасува во ламентирањето на Ковачевски во интервјуто е зошто беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за општествен и политички консензус пред да прифати преговарачка рамка со ЕУ со која Бугарија ќе има можност и ќе ја искористи таа можноста да ја блокира Македонија секогаш кога нема да бидат исполнети иредентистичките, антимакедонски диктати од Софија? Над 80 проценти од граѓаните, јавноста и експертите се против промена на Устав под бугарски диктат. Ковачевски само за ден повеќе на власт и одржување на коалиција со ДУИ ја доведе Македонија во подредена положба и ја загрози нејзината европска интеграција, уште повеќе нејзината вековна јазична, културна и историска посебност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, јави Глас на Америка на македонски јазик. .

Во интервјуто, Ковачевски тврди дека ги разбира стравувањата, особено после одредени чекори и провокации кои беа на штета на односите меѓу двете земји, но дека тезата која ја наметнува опозицијата е манипулативна и има двојна цел.

„Од една страна да ги доведува во заблуда граѓаните, да си поигрува со нивните емоции. Од друга страна да создава алиби за својата неодговорност затоа што немаат аргументи како да ги бранат своите обиди за блокади. Особено сега, кога целата содржина на предложените уставни измени е објавена и достапна, никој нема ниту една забелешка, ниту има нешто против. Прилично јасни се работите, нови условувања за нас не може да има“, вели тој, додавајќи дека „пратениците сега имаа многу поважна работа од терање изборни кампањи и калкулации за министерско, пратеничко или директорско столче“.

Премиерот во интервјуто ја посочи изјавата на канцеларот Олаф Шолц кој јавно кажа дека за Германија нема никакви дилеми и нови барања надвор од утврдената Преговарачка рамка, што е кажано и во Декларацијата на германскиот Бундестаг. На иста линија, како што велат од Владата, е ставот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел.

Покрај ова, предвидена е уште една уставна измена во однос на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците со која се предвидува да се измени бројот на членовите, и тоа наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена, при што 16 члена од редот на пратениците во Собранието – Македонци и Албанци, и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

Related posts

НАЈСКАПИОТ КИЛОМЕТАР ОД КОРИДОРИТЕ 8 И 10-Д ЌЕ ИЗНЕСУВА 18, 4 МИЛИОНИ ЕВРА

ninja

“Не сум веќе Американец, сега сум Русин”

admin

Помалите партии ја тресат власта, премиерот уверува дека има мнозинство

admin

Спасовски: Процесот е прашање на институции, не на поединец

admin

Има ли власта дигитрон да пресмета достоинствено работно време?

admin

Вагнер го запре бунтот, но покажа колку е слаб Путин

admin