24.8 C
Скопје
20 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Олеснување за функционерите: Ќе можат са поднесат изјава за имотна состојба по електронски пат

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека почнувајќи од 01.01.2024 година, е ставен во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.

“Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk , а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК”, се вели во соопштението.

Исто така, ДКСК ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата да достават изјави на новиот образец . Оваа обврска се однесува на лицата кои веќе поднеле анкетни листови и изјави на интереси како и на оние лица кои не ја исполниле оваа обврска.

“Напоменуваме дека поднесувањето на изјава за имотна состојба и интереси по избор односно именување на функцијата преку новиот електронски систем е неопходно од причина што без поднесување на изјавата не може да се пријавуваат промени во имотната состојба и интересите, како и да се поднесе изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата”, се вели во соопштението на ДКСК.

Related posts

Гостивар и Терниц станаа светски познати преку ноќ

admin

Висока е поддршката за НАТО во Северна Македонија

admin

ВУЧИЌ- СО ЕСКОБАР ИМАВМЕ ОТВОРЕН И ФЕР РАЗГОВОР

ninja

ДУИ со план од три точки за „Европа сега“

admin

Расправија, турканица, пукање – Обвинителството со истрага за убиството во казиното во Капиштец

ninja

Зошто Северна Македонија, Бугарија и Русија не се натпреваруваат на Евровизија оваа година?

admin