14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Страшна сообраќајна несреќа: Седум лица повредени

Како што извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар, јави МИА.

Околу пладне на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која повредени се вкупно седум лица.

Како што извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар.

-Во несреќата, возачот на „аудито” и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираше Јосифоски.

На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово.

Related posts

Рама: Химара е Албанија

admin

Мафијашки убиства и престрелки ги вознемируваат граѓаните – како да се пресретнат?

admin

Рашела Друмер: Наама е со македонско потекло, молиме Македонија да помогне да ја спасиме од Хамас

admin

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГО ДУПЛИРА БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

ninja

Заигра метлата на Рама, разрешување на министри и избор на нова спикерка на Собранието

admin

Дали Турција испрати хитмен на Олимпијадата?

admin