12.8 C
Скопје
1 мај, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Кој треба да ја има власта?

Пишува: Џелал Незири

Ова е прашање кое се поставува уште од античко време. Тогаш, поврзано со ова прашање, се поставуваше и прашањето кој може да гласа, односно да избере кој ќе ја држи власта во државата.

Второто прашање е аапсолвирано – секој граѓанин над 18 години има право да биде избран и да избира – но првото е сè уште актуелно.

На парламентарните избори на 8 мај за власт ќе се натпреваруваат 4 блока или коалиции на партии. Секоја партија или коалиција се формира за да ја преземе власта. Потребна ѝ е моќ да ја спроведе својата програма, идеја, доктрина, која ја цени како најдобра за општеството.

Ако навлегуваме подетално, се поставува прашањето кој треба да добие функции за спроведување на програмата: професионални луѓе или партиски војници? (Ретко ги имаме оние кои се и професионалци и партиски војници)

Платон изгледа подобро одговорил на ова прашање во своето дело „Република“, каде што ја проектира идеалната држава. Тој вели дека постојат пет типа режими: аристократија (моќ во рацете на елитата), тимократија (моќ во рацете на богатите), олигархија (моќ во рацете на олигарсите), демократија и тиранија. Платон вели дека демократијата, каде што власта е избрана од народот, често се дегенерира во тиранија, каде што едно лице ја презема власта (убивајќи ги и елиминирајќи ги сите што претставуваат пречка или опасност) и ги поробува сите граѓани. Платон вели дека само оние кои не бараат власт се зрели да ја имаат.

Во своето дело, претставено низ сократските дијалози, тој вели: „…за вашите идни владетели (функционери), добро управуван град (држава) станува можност. Зашто само во таква состојба ќе владеат оние кои се навистина богати, не со злато, туку со богатството што ја прави среќата – добар и мудар живот. Но, ако питачите и оние што се гладни и поради недостиг на стока се свртат кон државните работи, мислејќи дека таму ќе го најдат своето добро, тогаш тоа е невозможно. Зашто, кога функцијата и владеењето стануваат причина за расправии, таквите граѓански и внатрешни судири ги уништуваат самите баратели на функции и градот (државата) исто така“. Платон понатаму појаснува дека е важно „оние кои ја преземаат функцијата да не се љубители на моќта“.

Сега партиите ги составуваат листите за пратеници. По изборите – победниците ќе треба да избираат владини функционери: од министри до директори. Критериумите и стандардите за избор се далеку од она што го бара современата демократија – добар слуга на граѓаните. Што се однесува до советите на Платон, секако дека не ги земаат предвид. Напротив, ги избираат оние кои власта ја сакаат многу повеќе отколку принципите и вредностите. Бидејќи долго време на власта не се гледа како на средство за постигнување на целта (спроведување на платформа), туку како на самата цел.

Related posts

ТЕМПИРАНА БОМБА

admin

Демократите стравуваат дека ова едноставно прашање ќе му пресуди на Бајден

admin

Бродот што тоне

admin

Ќе дојде ли ред да се дише чист воздух?

admin

КУЛТУРА НА МАРГИНИ

admin

Израелско-палестински конфликт: турската дипломатија заслужува признание и поддршка

admin