17.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Ќе паѓаат ли цените на становите?

Цените на становите догодина ќе се стабилизираат, но нема да одат во надолна линија, предвидуваат градежниците. Тие се правдаат дека драстичниот скок на цените по метар квадратен се резултат на постковид кризата – зголемена инфлација, повисоки комуналии, зголемени трошоци за градба, анализира РСЕ.

Просечно семејство тешко може да си купи стан во Северна Македонија, покажува анализата на трошоците за живот на Нумбео – најголемата база на податоци за трошоците за живот во светот, во која се опфатени сите земји од Западен Балкан. Пред Северна Македонија е само Србија, каде е најтешко да се купи стан со просечни приходи.

Потоа, на третото место на оваа листа се наоѓа Косово, а потоа следуваат Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, а на последното место e Црна Гора.

На страниците за огласување на недвижности, станови од 40 квадрати во централното градско подрачје во Скопје се огласуваат за продажба и достигнуваат цени и до 80 илјади евра, што значи дека цената за еден квадрат е 2000 евра.

Инвеститорите на згради, пак, продаваат станови и до 2.500 евра за метар квадратен во централното градско подрачје.

Но, од Агенциите за продажба на недвижности кои ги контактиравме, се сомневаат дека становите се пrодаваат по таа цена како што се објавува во огласите.

„Продажните цени за нови станови во градба сега се движат околу 2.000 евра, тоа е побарувачката, но дали потоа навистина се продаваат по таа цена, не сме сигурни. Значи, се нудат моментално во Скопје станови во градба кои уште не се готови, но во принцип ги продаваат од 1.800 до 2.300 евра од квадрат. Но, реагираат клиенти, и сметаме дека побарувачката не е така голема, односно не е дека продажбата оди толку добро, посебно не по таа цена, не се продава така лесно“, велат од агенцијата за недвижности „Импулс“ за РСЕ.

Цените се вивнаа до плафон, особено во последните години. На тоа влијаеше ковид кризата, инфлацијата, разликата меѓу понудата и побарувачката, покачените комуналии и трошоци за градба.

Претседателот на здружението на градежништвото при Стопанската комора од градежната компанија „Гранит“, Андреа Серафимовски вели сето тоа довело цената на метар квадратен во центарските општини во Скопје да се движат и над 2.500 евра за метар квадратен, а високи цени има и во туристичкиот центар Охрид и во конзулскиот град Битола.

Инвеститорите велат дека ги креираат цените согласно трошоците за кои сега се жалат дека се покачени – комуналиите за градба, откупот на земјиштето на кое треба да се гради, но и материјалите за градба.

Сепак, за цените да не отидат во недоглед и за становите да бидат подостапни за различни категории граѓани, мора да постои регулација од државата, бидејќи ако инвеститорите сами ја диктираат цената тие ако сакаат можат да продаваат станови и до 6.000 евра за метар квадратен и не се должни никому да одговараат за тоа, смета претседателката на Собранието на Асоцијација на архитекти во Северна Македонија, Искра Јанковска-Михајловска.

Државата може тоа да го прави по примерот на другите европски држави, вели Јанковска – Михајловска, односно да ги задолжи градителите 10 отсто од становите во новите згради да бидат наменети за социјалните категории и тие да се продаваат по цени значителни пониски од регуларните.

Од друга страна пак, покрај тоа што масовно се гради не само во Скопје, туку и во цела држава, а инвеститорите тврдат дека граѓаните бараат стан плус, податоците на Државниот завод за статистика од спроведениот попис во 2021 година покажаа дека во земјава има вкупно 839. 174 станови од кои населени се 531. 987, што значи дека ненаселени остануваат 307. 187 станови, што е речиси една третина од вкупниот број на станови во земјава.

 

Related posts

ШОК БОМБА ФРЛЕНА ВРЗ ПАТРОЛА НА ЕУЛЕКС НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО

ninja

Курти ја заврши посетата на Чаир и Тетово, пречекан од голем број на симпатизери

admin

Сарацин во Скопје – продолжува дипломатската офанзива

admin

Министерот за здравство со шокантна изјава: Се вршат операции со ‘рѓосани алати

admin

Уставни измени: Кој и кога ќе ја сврти „плочата“?

admin

БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ОД СКОПЈЕ

ninja