15.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Џафери: Не е вистина дека сум примил допис или материјали од Груевски

Законот за амнестија, ако биде предложен по скратена постапка, може да се најде на седница во Собранието на 3 октомври, рече претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој денеска исто така изјави дека „нема никаква вистина“ во тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски дека примил било каков допис или материјали од поранешниот премиер Никола Груевски, јавува РСЕ.

Во однос на Законот за амнестија, Парламентот ќе одлучи дали ќе го прифати или не, но формално постојат можности тоа да биде на 3 октомври, ако е така како што најавуваат, рече Џафери.

„Нема пречки да биде на закажаната седница“, вели претседателот на Собранието.

Законот за амнестија се очекува денеска да биде на владина седница, откако премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека до денеска е даден период за негово техничко усогласување во секторот за законодавство.

Предлог законот за амнестија не помина на владината седница на 19 септември, со објаснување дека треба да се доработи. Првичната верзија не опфаќаше тешки дела, а извори од Министерството за правда рекоа дека требало да се средат технички работи и да се добие мислење од други институции од кои зависи носење на одлуки за амнестија.

Министерството предлагаше да се ослободат од затвор осудени лица за лесни кривични дела кои се казнуваат со затворска казна до шест месеци. На тие пак кои биле осудени на повисока казна од шест месеци требаше да им се намалат казните за 30 отсто. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оцени дека законот е селективен и дека е парцијално решение кое служи за „ситни политички поени“ пред избори, оти во него не влегувале осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

И за Законот за амнестија и за измените на Кривичниот законик, партии и функционери периодов шпекулираат дека се со цел да се изгласаат уставните измени. Едно од имињата кои се спомнуваа беше и претседателот на Собранието Талат Џафери, за кого потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера рече дека бил дел од тајна комуникација со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и уште едно лице.

Николоски покажа УСБ, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од УСБ-то.

Според Николоски, тоа се докази дека веќе подолго време поранешниот претседател на партијата Никола Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ.

Џафери изјави дека нема никаква вистина во тврдењето на Николовски дека примил каков било допис или материјал од поранешниот премиер, Никола Груевски, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.

„Нема никаква вистина во тоа дека претседател на Собранието од екс премиерот примил каков било допис и или каков било материјал. Тое е невистина која што само служи за дневно-политички цели“, рече Џафери додавајќи дека Собранието добива материјали само од овластени предлагачи, во форма која е пропишана со Деловникот.

Related posts

Вучиќ го распушти парламентот и свика предвремени избори на 17 декември во Србија

admin

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАЃААТ ВОЕНИ ЦЕЛИ ВО РУСИЈА?

ninja

СДСМ за пречекот на Курти во Тетово и Чаир: Касами и Гаши се партнери на Мицкоски

admin

Таткото-монструм изведен пред суд

admin

Мицкоски: Оставките на ДУИ не ги сфаќам сериозно, уставни измени нема да има

admin

Министер на Курти допатува на средба кај Ахмети, реагира Касами

admin