14.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Груевски: И Заев и Мицкоски се плашат од моето враќање

Бившиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги отфрли обвинувањата на актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, дека заедно со СДСМ и ДУИ работи за да ја ослабни партијата во пресрет на наредните парламентарни избори, пренесува Инбокс7.

„Не е можно јас да направам оска против ВМРО-ДПМНЕ, тоа е пропаганда, слоган кој го смислиле. Очигледно се тргнати во една сосема непотебна офанзива, не знам дали на некому тоа треба да им го испорачаат, дали на Заев или на друг центар, дали се чувствуваат посилни па тргнале против Груевски, но од тоа само губат. Обично еден лидер треба да сполтува, да ја направи партијата посилна, овде тоа не го гледам“, вели Груевски во интервју за порталот Инфомакс.

Поранешниот премиер демантира дека имало било какви средби со претставници на власта.

„Тргна приказната дека тука имало тајни средби, докази, фотографии, власта доаѓала, Артан Груби, Зечевиќ, сме го преговарале тука законот, па дека тајните средби сега испадна дека не биле сега, туку пред осум години во рамки на Пржинскиот договор. Кажуваат па се демнатираат некако конфузно, нервозно, неподготвено, не знам што се случува кај тие луѓе таму„, вели Груевски.

„Тоа е еден портал во Македонија, мислам дека две-три недели секојдневно го објавуваше во многу детали и никој не го демантираше, ниту Заев ниту Мицкоски. Кога така не дават никаков демант, тоа е доказот, а имам впечаток дека новинарите се плашат да ги прашаат. Имаше многу детали во тие натписи и невозможно е лидер на опозиција да не ги издемантира тие детали, а гледаме дека година дена не го спомнуваат Заев, настрана што имам други информации, дека во штаб си зборуваат дека ќе им помогне, но тој е познат пазарџија, нема туку така да им помогне„, вели Груевски кој додава дека човек кој однесе толку невини луѓе во затвор не може да ѝ мисли добро на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден човек кој однесе во затвор еден куп луѓе, сега да ви помогне, чудно ми е и зошто не ги демантираат тие невистини“, вели Груевски.

Тој не ја исклучува можноста од договор меѓу Мицкоски и Заев за оцрнување на неговиот лик и дело.

„Не можам да го исклучам тоа, односнот на Заев кон мене е познат, тој сакаше да ме внесе и во затвор од каде добивав пораки дека едвај ме чекаат, во смисла на закани по мојот живот и не можам да кажам дека тој не е исплашен од евентуално мое враќање. Досега интензивно и често се гледа дека имаат заеднички планови за иднината, ВМРО-СДСМ две години заедничка власт, таму јас логично сум вишок“, истакна Груевски.

Откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нема никаква комуникација со мене, вели Груевски.

„Мицкоски откако стана лидер на партијата ја прекина комуникацијата со мене, првпат ме побара кога имаше исклучувања во партијата, два-три пати се видовме, ништо посебен разговор, оттогаш немаме никаква комуникација и тој сега се фали со тоа, тој е прилично горд што нема никаква комуникација со мене“, вели Груевски.

Related posts

Во Скопје се разговара за европската перспектива на регионот

admin

Средба Вучиќ-Милатовиќ, за Косово се согласиле дека “не се согласуваат”

admin

Има ли ишарети од Белград за односот на Софија кон Скопје?

admin

Рама за ФТ: НАТО треба повторно да воспостави контрола врз северно Косово

admin

ЛОГА МУ „ПРЕСУДИ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

ninja

Сака ја “потопи” С.Македонија

admin