13.8 C
Скопје
10 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

НАТО: НЕМА ДОКАЗИ ЗА НАПАД ОД РУСИЈА ВРЗ ПОЛСКА

Според првичните сознанија на НАТО, падот на ракета во Полска, близу украинската граница, не претставува намерен напад од страна на Русија. Со вакви наводи излезе и полскиот претседател Дуда.

НАТО, како што истакна генералниот секретар Јенс Столтенберг, нема никакви докази дека при ударот на ракети во полската гранична област кон Украина, се работи за целен напад. Прелиминарните анализи на инцидентот укажуваат дека тој е веројатно предизвикан од  украинска ракета за противвоздушна одбрана,  употребена против руските напади со крстосувачки ракети, изјави денеска Столтенберг во Брисел.

Не постојат никакви докази дека Русија подготвува офанзивни воени акции против НАТО, но вина нема ни Украина, подвлече генералниот секретар на НАТО: „Ова не е вина на Украина, одговорноста крајно ја сноси Русија со продолжувањето на нејзината илегална војна против Украина“. Истрагата за инцидентот не запира, изјави Столтенберг.

И полскиот претседател Анджеј Дуда денеска излезе со став дека падот на ракета не може да се смета за целен напад врз земја-членка на НАТО. Не постојат докази кои би потврдиле дека ракетата била испалена од Русија, туку голема  е веројатноста дека е во прашање украинска ракета за противвоздушна одбрана.

Полската влада синоќа соопшти дека во селото Пжеводов, оддалечено шест километри од границата,  удрила „ракета од руско производство и притоа се убиени две лица”.

Во рамките на агресорската војна против Украина, Русија во текот на вчерашниот ден изврши бројни ракетни напади врз инфраструктурата на земјата.

Related posts

Петковиќ: Опозициските профитери од Белград се подготвени да застанат на страната на Курти

admin

НАМЕСТО ЗАБРАНА, НОВИ БАРАЊА ЗА ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА ШАР ПЛАНИНА

ninja

БЕКТЕШИ ЗА ДВ: МОЖНО Е НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА

ninja

Со декларација од Скопје се бара забрзување на патот кон ЕУ

admin

„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОД СТРАЖА

ninja

ЕУ со нов план за економски раст на Западен Балкан

admin