14.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Пржино – од решение до проблем

Пишува: Џелал Незири

Наместо на граѓаните, оваа Пржинска влада им служи на партиите и на нивните изборни стратегии. Техничка влада значи влада составени од експерти, непартиски кадри кои би превземале ресори за непристрасно водење на институциите, а со цел организирање на фер и демократски избори.

Технократијата тоа подразбира – влада составена од експерти на дадените области, на најдобри познавачи на таа област, кои може да бидат предложени од политички партии, но да не ги застапуваат исклучиво нивните интереси.

Пржинската влада не е техничка, туку политичка влада, крајно партизирана и неефикасна исто како што ни беше досега Собранието, за што добиваме константно критики од Брисел. Ако во 2016 година беше решение заради заробените институции од ВМРО-ДПМНЕ, сега оваа влада станува пречка заради партизираноста од сите кои учествуваат во неа.

Во време кога земјата е членка на НАТО, со започнат процес на преговори со ЕУ и со позрела демократија отколку пред десет години, мислам дека сега остануваат две опции: или Пржинската влада навистина да биде составена од експерти, т.е. непартиски кадри, или пак целосно да се укине.

Related posts

Ќе дојде ли ред да се дише чист воздух?

admin

За митот за „анти-македонскиот заговор“

admin

Дете уби дете

admin

ПУТИН:„НЕ БЛЕФИРАМ“, ЗАПАДОТ: БЛЕФИРАШ

admin

Јама или јамка

admin

Дали ќе поминат уставните измени и што ако не поминат?

admin