17.9 C
Скопје
13 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Министерот Тошковски се сомнева дека изборите во Тетово ќе бидат демократски

Првиот човек на министерсвото за внатрешни работи – една од најдоговорните институции за демократскиот тек на изборите се уште се сомнева дека процесот ќе биде фер. Панче Тошковски, кој е кадар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повтори дека одговорноста ја гледа кон владата зашто таа, како што вели, не му дозволила, како што е законски утврдено, да назначи началници на секторите за внатрешни работи на територијата на целата земја,  јави Гласот на Америка.

„Јас не моаже а да не верувам дека во наредниот период ќе се даде максимум од страна на МВР. Она што го говорев од аспект на загриженост го говорев се однесува на владата, на нејзинто незаконито однесување и на нејзината проценка дека само СВР Тетово не треба да има соодветен легитимитет кој би требал да ја пренасочи одговорноста од гледна точка на гаранцијата за спроведување на фер и демократски избори – односно јас да поставам началник на СВР Тетово, дополнителниот заменик-министер да постави началник на СВР Тетово и ние да гарантираме за законитост на постапката. Зошто владата одлучи незаконски да ја донесе одлуката, тоа треба неа да ја прашате. Сите ќе се согласите дека фактот што на тоа СВР е поставен началник само еден месец пред јас да дојдам за министер, дополнително го зголемува сомнежот дека ова не е случаен настан.“, изјави Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи.

Related posts

БОРЕЛ – МОСКВА НЕ Е ПОДГОТВЕНА ЗА МИР ВО УКРАИНА

ninja

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

admin

Турција го заменува Иран како доминантен странски „играч“ во Сирија

admin

Ескобар со ултиматум до Курти и Вучиќ: Имате уште два дена

admin

По изборите, нова можност за Скопје и Софија

admin

ДОСТОИНСТВОТО НА СТУДЕНТИТЕ ПОМАЛКУ ВРЕДНО ВО БУЏЕТОТ ЗА 2023

ninja