Само 14% од македонските испитаници се согласиле дека земјата се управува според волја на граѓаните, 53% не се согласиле, а 29% се колебале, покажува истражување на „Галуп Интернешнел“.
„Фер и демократски избори”, „јакнење на довербата и демократијата“, „го слушаме гласот на граѓаните“, „во име на народот“.., се дел од најспомнуваните фрази во пресрет на претседателските и парламентарните избори. Ново истражување открива што мислат граѓаните за демократијата, за изборите и управувањето според нивната волја.
За мнозинството граѓани на Северна Македонија демократијата сѐ уште е најдобар начин на управување без оглед на нејзините недостатоци, но не веруваат дека изборите се слободни и чесни, ниту дека земјата се управува според нивната волја. Ова е заклучокот од истражувањето на „Галуп Интернешнел” спроведено во 43 држави меѓу 44. 603 лица, од кои и 1.202 полнолетни граѓани на Северна Македонија интервјуирани „лице в лице“.
На прашањето – „Се согласувате или не се согласувате со тврдењето дека ‘демократијата може да има свои недостатоци, но е најдобриот систем на управување'”? 48% од испитаниците во РСМ се согласуваат, 17% не се согласуваат, 30% се колебаат, 5% не одговориле.
Седуммината претседателски кандидати: На Северна Македонија освен претседателски и претсојат и парламентарни избориСедуммината претседателски кандидати: На Северна Македонија освен претседателски и претсојат и парламентарни избори.
И на глобално ниво, демократијата го задржала својот имиџ како најдобра форма на управување – така се изјасниле 59% од анкетираните во 43 земји, само 14% не се согласуваат со тоа, а секој петти ниту се согласува ниту не се согласува.
Падната доверба
За разлика од перцепциите за демократијата како форма на управување, при што Северна Македонија е позиционирана блиску до просечните нивоа за ЕУ и блиску до некои од нејзините соседи, одговорите на другите прашања (дали изборите се слободни и фер/и дали земјата се управува според волјата на граѓаните) индицираат дека во земјата е сериозно нарушена довербата во темелите на демократското владеење. РСМ не е осамена во тие трендови.
Според резултатите од истражувањето се покажува дека два од основните услови за суштествување на демократијата – веќе се загрозени! На пример, уделот на испитаници на глобално ниво кои се согласуваат дека нивната земја се управува според волјата на граѓаните е 35%, и е помал од процентот на оние кои не се согласуваат со тоа – 40%, а 21% се колебаат.
Парламентарната демократија има свои недостатоци но и натаму е најдобар систем на управување, сметаат повеќето македонски испитанициПарламентарната демократија има свои недостатоци но и натаму е најдобар систем на управување, сметаат повеќето македонски испитаници
Парламентарната демократија има свои недостатоци но и натаму е најдобар систем на управување, сметаат повеќето македонски испитанициФотографија: Petr Stojanovski/DW
Во Северна Македонија тој процент е уште понизок од глобалниот резултат. На прашањето „Се согласувате или не се согласувате со тврдењето ’Мојата земја се управува според волјата на луѓето’“, загрижувачки дел од само 14% се согласиле дека земјата се управува според волјата на граѓаните, дури 53% не се согласиле, 29% се колебале (ниту се согласуваат ниту не се согласуваат) а 4% немале одговор.
Недоверба во изборниот процес
Индикативен е и податокот дека довербата во изборите во РСМ е на критично ниво. На прашањето – „Сметате ли дека изборите во вашата земја се слободни и чесни?“, само 20% сметаат дека изборите се слободни и чесни, 45% го мислат спротивното, 31% ниту се согласуваат ниту го отфрлаат тврдењето, а 4% не дале одговор.
Во овој сегмент довербата на граѓаните во Северна Македонија исто така е под глобалниот резултат, каде 44% сметаат дека изборите се слободни и чесни, 33% го сметаат спротивното, а 18% се колебаат.
За илустрација, топ 5 земји во кои граѓаните сметаат дека изборите се слободни и чесни се: Шведска (88%), Португалија (77%), Швајцарија (76%), Германија (73%) и Косово (69%). Топ 5 земји во кои граѓаните сметаат дека изборите не се слободни и чесни се: Босна и Херцеговина (75%), Нигерија (71%), Ирак (63%) Кенија (57%), а петтото место го делат Бугарија и Казахстан (49%).
Јасна недоверба во изборниот процес кај македонските граѓани детектира најновото истражување на Галуп ИнтернешнелЈасна недоверба во изборниот процес кај македонските граѓани детектира најновото истражување на Галуп Интернешнел
Јасна недоверба во изборниот процес кај македонските граѓани детектира најновото истражување на Галуп ИнтернешнелФотографија: DW/P. Stojanovski
Сликата се менува
Државите од ЕУ во најголем степен се согласни дека демократијата е најдобрата форма на управување и покрај нејзините недостатоци (71%). Овие ставови сепак се посилно изразени во западните држави од Унијата (77%) отколку во источните (60%). И европските земји кои се надвор од ЕУ исто така ја преферираат демократија, но не со иста доверба (57%). Исклучок е Косово со 73%.
Особено интересен е случајот со Русија – таму само 22% од испитаниците се согласуваат дека демократијата е најдобрата форма на владеење, 13% не се согласуваат, дури 32% се двоумат и дури 34% не знаеле како да одговорат.
„Демократијата продолжува да биде најдобрата форма на управување за јасно мнозинство меѓу 43 држави во светот, но убедувањето во тоа се чини дека е намалено во споредба со претходни истражувања, а сега преовладувачко јавно мислење во земјите е дека управувањето таму не е според волјата на луѓето. Така, додека на повеќето места изборите се сметаат за прилично слободни и фер, довербата во нивниот производ очигледно е доведен во прашање, дури и во некои од најстабилните демократии“, наведуваат истражувачите.
Извор: Дојче Веле