16.8 C
Скопје
23 мај, 2024
Inbox7.mk
ИНТЕРВЈУ

Таравари: Ако не победиме на изборите, ќе се повлечам од политиката

Прво би побарал од европските политичари гаранции дека нема да има други услови за да го продолжиме европскиот пат. Второ, би побарал динамика за уставните промени. И трето е да се тргнеме од „Отворен Балкан“, вели Арбен Таравари, претседателски кандидат од коалицијата ВРЕДИ, во интервју за РСЕ

 

Ставил поквалитетни камери во куќата, но институциите уште не го информирале кој му остави куршум пред врата пред два месеца, во февруари, во деновите кога се разиде од сопартиецот Зијадин Села и нивната партија „Алијанса за Албанците“ се подели на две крила. Не се чувствува како марионета ниту на Села, ниту на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателскиот кандидат на коалицијата ВРЕДИ, во која се здружени опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, смета дека предност пред директниот противкандидат Бујар Османи од ДУИ е неговата „чиста“ политичка кариера, без скандали и афери. Но, Таравари во интервјуто за Радио Слободна Европа најави и дека ќе се повлече од политиката ако ги изгуби изборите.

Г-н Таравари, зошто граѓаните би гласале за вас, што е Вашата предност пред другите кандидати и пред директниот противник, Бујар Османи од ДУИ?

-Токму така,ние сме седум кандидати, од кои пет од кандидатите се Македонци, двајца сме Албанци. Натпреварот, искрено, во албанскиот блок ќе биде меѓу мене и г-нот Бујар Османи. Јас се надевам дека граѓаните препознаваат на кој би му дале доверба за да ја води државата во следните пет години. Секогаш граѓанинот прво што ќе анализира кај еден кандидат, е неговата програма, што тој може да обезбеди за следните пет години, што се неговите програмски цели. Второ е кредибилитетот на кандидатите. Јас мислам дека немам скандали и афери во овие 7-8 години колку сум во политика и како градоначалник и како ни како министер за здравство. Од друга страна, имаме кандидат кој ги прошета сите министерства, беше и во Владата на Груевски која знаете како заврши, потоа имаше еден предмет во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), предметот „Пациент“…јас не знам сега, можеби од тоа нема ништо но тоа, но тоа се зборуваше и за тоа кажа и СЈО дека имаат таков предмет…после тоа се случи што се случи.

Целото интервју е достапно ТУКА

Related posts

Германски пратеник: Војната мора да се префрли кон Русија

admin

Рустеми: Изградбата на автопатот Кичево – Охрид е лош проект, но враќање назад нема

admin

Османи: Мојата кандидатура е референдум за идеја на која ѝ е дојдено времето

admin

Сефер Тахири: Дел од медиумите во С.Македонија се наклонети кон Путин

admin

Алиу: Балансерот за етнички вработувања треба да се замени

admin

АНГЕЛА АГЕЛЕР ЗА „ЦРНИТЕ ЛИСТИ“: САД знаат дека тие лица биле вмешани во коруптивни активности

admin