10.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ахмети: По изборите можна е национална влада за уставни измени

По изборите може да има национална влада, која ќе ги усвои уставните измени согласно Францускиот предлог и ќе ја води државата во Европската унија (ЕУ). Ова го изјави Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во интервју за ТВ Коха од Тетово, пренесува Инбокс7.

Запрашан дали мисли дека во Собранието ќе се обезбедат 80 гласа за гласање за измена на Уставот за вклучување на Бугарите во него, првиот човек на ДУИ ја изнесе идејата за создавање на, како што рече, национална влада.

„Не сакам да ги прејудицирам резултатите за вечерта на 8 мај, но сите политички партии, без разлика на резултатите, треба да ја стават иднината на државата на прво место. Иднината на државата е во Европската Унија. Иднината на државата е во стабилна, мирна состојба, во постојани пријателски односи меѓу двете најголеми заедници, албанската и македонската. А, ако оваа цел е приоритет, тогаш отворени се и темите: Може да има национална влада, односно за заштита на главните интереси на државата“, изјави Ахмети.

Тоа, според него, значи создавање на влада на широк спектар која ќе преземе оодговорност да ја води државата до полноправно членство на државата во Европската унија.

“Зошто да не се работи за да се постигне оваа цел. Со други зборови, целта е многу поблагородна, многу повисока од теснопартиските интереси“, ја цитира изјавата на првиот човек на ДУИ за ТВ Коха од Тетово.

Related posts

ГИР ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ КОН ПЕНДАРОВСКИ

ninja

Насилна смрт во С.Македонија: Несреќните случаи сочинуваат 78.6 %, самоубиствата 20.2 а убиствата 1.2 %.

admin

„РАСТРЕСУВАЊЕ“ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА, ЌЕ СЕ ЗАТВОРААТ АГЕНЦИИ

ninja

Лога: Уставните измени ќе поминат пред нова година

admin

ДЕМНЕЊЕ СТАНА КРИВИЧНО ДЕЛО, ЗАТВОР ЗА НАПАЃАЧИ НА НОВИНАРИ, ЛЕКАРИ И АДВОКАТИ

ninja

Ескобар: Идната влада да се залага за ЕУ и НАТО

admin