11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали се реални ветувањата за повисоки пензии?

Повисоки пензии се дел од ветувањата на партиите за претстојните избори. Бројот на пензионери во земјава се очекува двојно да се зголеми до средината на овој век. Економски експерти предупредуваат дека овие ветувања на партиите може сериозно да го оптоварат буџетот и да го зголемат национален долг, анализира Радио Слободна Европа.

Линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари ветува ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на официјалното почнување на кампањата за двојните избори, претседателски и парламентарни закажани за 24 април и 8 мај. Нивниот политички опонент СДСМ, пак, ветува континуиран раст на пензиите со кој просечната пензија би достигнала 500 евра до 2028 година, минималната 20.000 денари, а пензионерите од државата да добиваат новогодишен пакет од 100 евра.

Но, додека претставниците на партиите ја вжештуваат дебатата за тоа кој предлог е подобар за покачувањето на пензиите, дел економски експерти со кои разговаравме оценуваат дека нивните ветувања се повеќе како лицитации со бројки за кои не постои реална поткрепа.

Таков е ставот на економскиот аналитичар Павле Гацов, кој вели дека линеарното зголемување на пензиите носи ризик, бидејќи ако бројката од 5.000 денари се помножи со бројот на пензионери, трошокот за буџетот на државата ќе биде 240 милиони евра годишно.

„Македонскиот фискален простор е ужасно тесен. Ние должиме и немаме капитални инвестиции, немаме вложување во инфраструктура, така што ваквото ветување со ваква бројка од линеарно зголемување од 5.000 денари е преоптимистички и штетно, бидејќи на крајот ќе се сведе на задолжување на државата“, вели Гацов.

Related posts

Ризик од нов конфликт: Зошто САД и Германија се загрижени за ситуацијата на Косово?

admin

Ескобар: Сакаме да бидете дел од ЕУ, не сум тука да вршам тортура врз некого

admin

РАДЕВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ДА СЕ ДРЖИ ДО ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА

ninja

Нов план на Европската унија за Западен Балкан: Европа Сега

admin

Турција гласа на клучни избори

admin

Петте општини со најголем број на нелегални објекти

admin