14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Петровска за набавката на хеликоптерите: Немаме што да криеме, ќе одговориме на секое прашање од Антикорупциска

Пакетот за осум нови хеликоптери, со опрема, одржување, хангари ќе чини речиси 250 милиони евра. Петровска рече дека писмото од Антикорупциска за набавката на воздухопловите стигнало во Одбрана.

И јас и целиот тим, сме подготвени да одговориме на сите дополнителни прашања, немаме што да криеме.

Тоа денеска во кругот на касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, го истакна министерката да одбрана Славјанка Петровска одговарајќи на прашање од Гласот на Америка во врска со предметот што Државната комисија за спречување на корупцијата го отвори за набавката на армиските хеликоптери, тешка речиси 250 милиони евра.

Петровска рече дека писмото од Антикорупциска стигнало во Одбрана и додаде дека нивниот тим веќе ја составувал документацијата што се барала од нив да ја достават како одговор за отворениот предмет.

„Можеби некогаш, некои од чекорите не се доволно јасни. Но, јас сум подготвена да ги одговорам сите прашања кои Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги има во врска со овој предмет“, рече Петровска.

Според договорот со италијанската компанија „Леонардо“ од крајот на 2026 до крајот на 2028 година треба да испорача осум воени хеликоптери, да изгради хангари за нивно чување, да обезбеди обука за нивно пилотирање и одржување. Пакет, како што рече министерката Петровска, ќе чини 249,9 милиони евра.

Одговарајќи на прашање од Гласот на Америка, дали „Леонардо“ била прва на листата по најповолни понуди, Петровска рече дека стручната комисија донела таков заклучок водејќи се според повеќе критериуми.

Набавка на италијански воени хеликоптери за македонската армија
Набавка на италијански воени хеликоптери за македонската армија

„Цената играше улога. Но, еден од клучните услови беше понудата за долгорочно одржување на воздухопловите. Кога се работи за опрема која е толку вредна и е од стратешко значење за функционирањето на армијата и на државата, најдобро е понудата да се гледа во пакет, односно да се гарантира дека во наредните 30 години таа опрема, ќе бидеме способни и со човечки ресурси и финансиски да ја одржуваме“, додаде Петровска.

Според договорот со италијанската компанија, треба да се набават четири хеликоптери од типот AW149 и уште четири хеликоптери од типот AW169M.

Се работи за повеќенаменски воздухоплови кои освен во борбени и транспортни мисии, можат да се користат и за спасување, гаснење пожари и за други слични активности на недостапни предели. /VOA

Related posts

АА на Таравари утре со одлука да се повлече од коалицијата ВЛЕН?

admin

Мицкоски: Инфлацијата околу 4% во 2026, Владата најавува построги казни за супермаркетите

admin

Од европска империја до американски санкции: Како Али Ансари стана финансиски симбол на иранскиот режим

admin

Таравари со свои листи: Нема враќање, одлуката е дефинитивна

admin

Рубио, кој беше под кинески санкции, патува во Кина со Трамп

admin

Хамас прифати прекин на огнот, Израел вели “никогаш”

admin