19.8 C
Скопје
30 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница во ОН

Северна Македонија заедно со Соединетите Држави, Германија и други држави е коспонзор на резолуцијата во Обединетите Нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и одбележување на истиот секоја година, соопшти на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Резолуцијата ќе биде претставена на 17 април пред Генералното собрание на ОН, а ќе се гласа на 2 мај.

„Во пресрет на одбележување 30 години од геноцид кој се одбележува во 2025 каде најмалку 8372 животи беа изгубени и толку семејства беа уништени, ги повикуваме ГС на ОН да ја донесе следнат резолуција со која 11 јули секоја година ќе се одбележува како меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница од 1995 година, осудува без резерва секое одрекување на геноцидот и ги повикува сите членки на ОН да ги чуваат фактите и да ги шират преку образовниот систем развивајќи посебни програми за сеќавање и спречување на повторување на истото“, рече Османи.

На новинарско прашање како очекува ова да влијае на односите со Србија со оглед дека претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека некои земји потоа ќе ги нарекува партнери, а не пријателски, Османи вели дека усвојувањето на резолуцијата е посебно важна за Србија и не смета дека тоа ќе влијае на односите меѓу двете земји.

Според МНР, досега резолуцијата ја имаат подржано над 17 земји меѓу кои Словенија, Италија, Лихтенштајн, Ирска, Финска, Холандија, Албанија, Турција, Јордан, Малезија, Чиле и Нов Зеланд.

Резолуцијата, како што кажа Османи, меѓу другото се повикува на Повелбата на ОН, Универзалната декларација за човековите права, Конвенцијата за казнување на злосторства од геноцид, на Резолуцијата 827 на ОН во врска со формирање на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, како и на осум пресуди на трибуналот за виновни за злосторства против босанските муслимани против Крстиќ, Младиќ и Караџиќ, како и одлуката на МСП од февруари 2007 година за одредување на злосторството во Сребреница како геноцид./RSE

Related posts

Ривалството меѓу Рама и Курти се прелева на македонски терен?

admin

Вучиќ и Пендеровски на пат кон Врање: Ќе го угостиме како што доликува

admin

KРИЗА НА ЛИДЕРСТВО, ВИЗИЈА, МОРАЛ ИЛИ НА СЀ ЗАЕДНО?

ninja

„СИЛНО И ОДЛУЧНО“ ВО КАМПАЊА

ninja

ИЗБОРИТЕ ВО САД ОДЛУЧУВААТ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА

ninja

Ескобар: Идната влада да се залага за ЕУ и НАТО

admin