35.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ванковска: Јас сум за евроинтеграција, но на сосема поинаква основа

Ризиците по безбедноста на државата немаат никаква врска со „руско влијание“, смета претседателската кандидатка Ванковска. Таа се залага за евроинтеграција, но моментално ЕУ ја оценува како „филијала на НАТО“. Прашањето за промена на Уставот, пак, според неа, е само уште една лажна теза во духот „само што не сме влегле во ЕУ“.

За првпат на гласачко ливче за претседателските избори закажани за 24 април ќе се најде кандидат на Левица, Билјана Ванковска. Во конкуренција има шест кандидати од кои вели дека „суштински се разликува во неколку димензии“.

 

Ванковска е доктор на правни науки и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Предава на тамошниот Институт за безбедност, одбрана и мир, а во нејзината биографија Левица наведува дека е „една од најцитираните и најобјавуваните научни работници од Македонија од областа на општествените науки“. Се нотираат и нејзините учества во протести и иницијативи, како што се оние против изградба на црква на плоштадот во Скопје, против полициската бруталност, против ограничувањето на правото на абортус, како и против Преспанскиот договор и промената на Уставот.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Ванковска ги споделува нејзините ставови за евроинтеграцијата на земјава, за членството во НАТО, за руското влијание, борбата против корупцијата.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА

Related posts

БОРЕЛ ОЧЕКУВА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш под лупа на Брисел

admin

Колозова: Ќе ги мобилизираме сите капацитети за европски реформи во образованието

admin

Висока е поддршката за НАТО во Северна Македонија

admin

Искрениот извештај на ЕК различно се толкува од власта и опозицијата

admin

Македонската влада воведува специјални регистарски таблици за службени возила со цел спречување на злоупотреби

admin