18.8 C
Скопје
27 јули, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Двојните избори во РСМ: Се насетува ли “диригираната демократија“?

Возобновувањето на нам познатата категорија „поштени Албанци“ и особено апсурдниот театар на ДИК, да се разбереме, може да наиде на инстинкт на одбрана во партијата на Ахмети, во вид на политички одговор на стремежот на новото мнозинство  за „внатрешно македонско консолидирање на редовите“ што подразбира демократски дефицит за справување со проблемот наречен “BDI në opozitë, pse jo”(ДУИ во опозиција, зошто не).

Пишува: Сељадин Џезаири

Познатиот бугарски политиколог, Иван Крастев, речиси пред една деценија објави анализа за значењето на изборите во современите услови, во која, како и нашата македонска претседателка, Гордана Сиљановска – Давкова, го спомнува – сексот. Се разбира во поинаков контекст, во споредба на професорката по уставно право:

“Сексот не е љубов, а изборите не се демократија, но никој не може да ја разбере мистеријата на љубовта без да ја разбере сексуалната привлечност и никој не може да ја разбере демократијата без да разбере што би требало да значи практиката на одржување избори. Демократијата повикува на ограничување на интензитетот на политичките актери и во исто време преувеличена драматизација на политичката игра. Демократијата треба да ги поттикне апатичните да се интересираат за јавниот живот, а во исто време да ги олади страстите на фанатиците. Мобилизирањето на пасивните и смирувањето на разбеснетите е суштината на изборите. Но, изборите бараат од нас да судиме за политичарите не според она што го прават, туку според она што го ветуваат дека ќе го направат. Во оваа смисла, изборите се машина за производство на колективни соништа”.

Токму така: Република Северна Македонија, осум дена по двојните избори се наоѓа на крстопат меѓу сонот и јавето. Прво, новоизабранта Претседателка, успеа пред да стигне во вилата на Водно да не искара со речиси сите соседи (исклучок е Србија), за потоа Државната изборна комисија да ја демонстрира пред очите на јавноста решеноста за фалсификовање на изборната волја на граѓаните кои случајно (sic!) се гласачи за Европскиот фронт, предводен од ДУИ. „Диригираната демократија“ под палката на неприципиелната коалиција помеѓу новопечените лидери на „македонските Албанци“, „етнички чистото ВМРО-ДПМНЕ“ и  две-три крила на СДСМ, со овој потег на потворување на гласањето во неколку гласачки места по шестата и петтата изборна единица, настојува да ја ја натера најголемата партија на Албанците во насилна политичка пензија!

Не, во нашиот случај, не важи геслото „на победникот му припаѓа се“! Апсолутниот победник, ВМРО-ДПМНЕ, со своето политичко однесување како преку леб да бара погача, заборавејќи при тоа дека во нашето хетерогено општество, по нација и вера, за сите да бидат задоволни мора да се почитува и волјата на втората популација по бројност во земјата, со што се зацврстува и тоа што се нарекува политичка стабилност, меѓуетничка и меѓуверска толеранција. Возобновувањето на нам познатата категорија „поштени Албанци“ и особено апсурдниот театар што го изведе ДИК, да се разбереме, може да наиде на инстинкт на одбрана во партијата на Ахмети, во вид на политички одговор на стремежот на новото мнозинство  за „внатрешно македонско консолидирање на редовите“ што подразбира демократски дефицит во справување со проблемот наречен “BDI në opozitë, pse jo”(ДУИ во опозиција, зошто не).

Впрочем, чуму интересот за учество на изборите кога, и покрај победата, се зависи од „поголемиот брат”? Чуму политичкото (партиско) организирање, кога се зависи од  државотнорните македонски партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ) кои имаат непропишано право и правило да избираат послушни сојузници, во овој случај од албанскиот блок, правејќи диференцијација  на подобни и неподобни? И, најавувајќи при тоа системски промени што го доведуваат во прашање достигнатиот волумен на рамноправност на Албанците (заложби за гараѓански устав, промена на балансерот, итн).

Следствено на ова, не се туѓи гласините за адекватен одговор  од албанската страна, во вид на афирмација на едно поинакво политичко делување  во насока на стабилизирање на веќе стекнатото и зошто да не – прифаќање  на една поинаква филозофија што не исклучува нови политички превирања.

 

Related posts

Меката моќ на Србија во Северна Македонија станува се посилна

admin

ЕКЛЕКТИЦИЗАМ: ИСТОРИСКИ ФАКТИ И ПРОЦЕСИ!?

admin

ШТАНЦАЊЕ ДИПЛОМИ ЗА ФУНКЦИОНАЛНО НЕПИСМЕНИ

admin

КУЛТУРА НА МАРГИНИ

admin

ЕВРОПСКА УНИЈА ЗА ПОДОБАР СТАНДАРД И ОТВАРАЊЕ НА НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ

admin

Ало, Телеком! Очајно ни треба Европа!

admin