8.8 C
Скопје
8 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Турбуленции и на Кардиохирургија: Има ли зголемена смртност?

Министерот за здравство Илир Демири и Кардиохирургија презентираа различни анализи. Фрчат обвинувања за фантомски пациенти, оркестрирани напади и урнисување на здравството.

По крахот на здравствениот систем во Хируршките клиники, турбуленции има и на Клиниката за кардиохирургија. Министерот во заминување Илир Демири го разреши директор на Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски, посочувајќи на зголемена смртност на клиниката, како и за постоење на 170 „фантомски пациенти“ кои не биле заведени во „Мој термин“. Тој наведе дека ваквите тврдења се базираат на стручна анализа, но таа не беше презентирана во јавноста.

Разрешениот директор, пак, на прес-конференција во Скопје денеска (29.05) оцени дека станува збор за оркестриран напад врз клиниката, што е и напад врз здравството, како и за паушални анализи кои не ја отсликуваат реалната состојба. Тој презентираше нивна интерна стручна анализа која го покажува спротивното – смртноста на клиниката опаѓа, иако на лекување доаѓаат пациенти во сѐ потешка здравствена состојба.

Има или не зголемена смртност на Кардиохирургија?

Разрешениот директор Марјан Шокаровски е дециден дека не се зголемила смртноста на клиниката, туку напротив – таа опаѓа.

„Прецизната статистичка анализа покажува дека нема значајно зголемување на смртноста, туку зголемување на тежината на комплексноста на пациентите за околу 20%. Постои тренд на намалување на смртноста. Последните пет месеци покажуваат дека смртноста е пониска од предвидената“, вели Шокаровски.

Министерот за здравство, пак, на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали е констатирано дека процентот на смртноста на државната Клиника за кардиохирургија е зголемен меѓу 25 и 40 отсто, рече дека во извештајот што го има, нема некои позначајни отстапувања на смртноста, меѓутоа статистичката анализа се базира врз податоците кои се вметнати.

Но, според него, имало 170 пациенти кои не се внесени регуларно во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница, а таквата бројка може да ја промени и вредноста на исходот.

„Имаше информации дека е зголемена смртноста на Клиниката за кардиохирургија. Оформив комисија и наредив да се испитаат овие информации“, рече Демири на прес-конференција во вторникот (28.05).

На новинарско прашање дали овие 170 неевидентирани луѓе на Кардиохирургија биле оперирани фантомски без да бидат внесени во систем, дали биле оперирани, а потоа се умрени и не се внесени, Демири рече дека тие не се умрени, дека нема податоци и оти само знае дека за 170 пациенти недостигаат податоци.

Различни анализи

Но, Клиниката за кардиохирургија излезе со сопствена анализа, која што ги побива тврдењата на министерот Илир Демири. Тие тврдат дека не постојат 170 фантомски пациенти, туку дека станува збор за софтверска грешка при преносот на податоците од нивната интерна платформа до „Мој термин“.

„Овие пациенти ниту се скриени ниту се фантомски, сите имаат отпусни листи и тоа може да се провери“, вели Шокаровски. Тој ги повика институциите, министерствата и инспекциските служби да реагираат.

„Апелирам и барам да се изврши ревизија на сите досегашни дипломи, почнувајќи од нашата клиника и да се продолжи и на сите кардиоваскуларни клиники во земјата и од државната и од приватната дејност“, порача разрешениот директор. / DW

Related posts

Германија со закон за поедноставно признавање на странските дипломи за медицински сестри

admin

Таравари: Уставните измени ќе поминат, за во НАТО го чекавте Ахмети 20 години

admin

Почина Тото Котуњо

admin

Разногласие во Влада – од прелажани до непослушни министри

admin

Османи: Целиме до ноември, но за уставните измени ќе работиме до крајот на мандатот

admin

Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од Владата

admin