7 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Зошто ДУИ го поддржа законот на ВМРО-ДПМНЕ?

Новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди (ВЛЕН) и ЗНАМ, со поддршка од пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ, ги изгласа законските измени со кои се воведуваат нови и се прави реорганизација на дел од постоечките министерства, јави РСЕ.

Собраниската седница синоќа продолжи и по полноќ, а гласањето се одржа околу 2:30 часот ноќта помеѓу петокот и саботата (7 и 8 јуни). Измените, кои во средата (5 јуни) ги предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање влада Христијан Мицкоски, се носеа во скратена постапка. „За“ гласаа 88 пратеници, а „против“ беа 22.

Станува збор за измени на Законот за организација и работа на органите на државна управа за што е потребно двотретинско мнозинство – 80 гласа во 120-члениот парламент.

„Предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Цениме дека еден ваков упад треба да има сериозно разгледување, но ова ќе го оставиме на времето дали ќе биде постигната таква ефикасност. Секако како две сили кои имаат легитимност и коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Европскиот фронт денеска разговаравме со една цел вознемирувањата коишто ги имаме во делот на инспекторатот за албанскиот јазик и за други институции кои се дел од овој закон“, рече координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети од ДУИ, објаснувајќи зошто решиле да гласаат „за“.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека се одржала средба меѓу претставниците на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Европски фронт. На средбата присуствувале Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата Европски фронт беа Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети и Елми Азири. На средбата се разговарало за предложените измени на Законот за организација на работата на органите на државната управа, во кој случај ВМРО-ДПМНЕ образложил дека измените на законот, кои треба да донесат поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација.

Од друга страна, надлежностите за енергетика и рударство ќе преминат во новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Економија ќе ги предаде ингеренциите и за туризмот кој ќе биде дел од реорганизираното Министерство за култура и туризам.

Повеќе економски надлежности ќе има и во досегашното МНР кое ќе биде Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

МТСП, пак, ќе се трансформира во Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Ингеренциите од Министерството за информатичко општество и администрација, ќе ги наследат две нови министерства – едното за дигитална трансформација и другото за администрација.

Досегашното Министерство за политички системи и односи меѓу заедниците, пак, ќе биде биде само Министерство за односи меѓу заедници.

Ќе има и ново Министерство за спорт. Со тоа ќе се укине Агенцијата за млади и спорт бидејќи нејзините ингеренции ќе ги наследат ова новоформирано министерство и реорганизираното Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Ваквата реорганизација, меѓу другото, ќе донесе и трансфер на вработени. На пример, законските измени предвидуваат вработените во Министерството за економија кои досега ги вршеле работите поврзани со секторот туризам да преминат под капата на трансформираното Министерство за култура и туризам итн.

Преземањето на вработени треба да се случи во рок од пет месеци од влегувањето на сила на законските измени. Тие ќе влезат во сила со денот на објавување во Службен весник, а пред тоа да се случи за измените указ треба да потпише и претседателката Сиљановска Давкова.

Врз основа на веќе донесените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе треба да ја предложи новата влада. Рокот од 20 дена за тој да достави владина програма и состав почна да тече во четвртокот (6 јуни) кога претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му го додели мандатот.

Во законот се изменија 30-тина членови. Тие донесоа 20 наместо досегашните 16 министерства, како и префрлање на надлежности од еден во друг ресор.

Според измените, постоечкото Министерство за економија добива нови, а губи дел од старите надлежности.

Тоа ќе биде Министерство за економија и труд што значи дека ќе земе под своја капа дел од надлежностите на досегашното Министерство за труд и социјална политика МТСП.

Related posts

Ковачевски: Ова не е прва посета на Ескобар, нема да биде ни последна

admin

Арсовска: Пожарот на мостот „Беласица“ е од несовесни граѓани, не знаеме колку ќе биде затворен

admin

Столтенберг: Изјавите на Трамп се опасност за САД и ЕУ

admin

Бујар Османи со силна осуда за руското признавање на Доњецк и Луганск

ninja

„Не е важно како се облечени, туку што им излегува од уста“: Каква порака испраќаат политичарите со стилот на облекување?

admin

КОЈ ЌЕ СЕ СПАСИ СО АМНЕСТИЈАТА НА КОВИД-КАЗНИТЕ?

ninja