24.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Се подготвувам за „непријатната позиција“ за која зборува Мицотакис

„Се подготвувам за непријатната ситуација за која зборува Мицотакис“ е одговорот на мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на грчкиот премиер во која тој предупреди дека Преспанскиот договор мора да се спроведува дословно и дека нема простор за т.н двојна формула – уставното име – надвор, а Македонија за дома, јави Глас на Америка.

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар смета дека има аргументи на негова страна со кои, како што вели, ако има потреба ќе аргументира во Вашингтон каде идниот месец се одржува Самит на НАТО, и што најверојатно ќе биде првата можност за средба меѓу него и Мицотакис.

Мицкоски вели дека неговата земја доволно била манипулирана и дека нејзиното интегрирање во ЕУ треба да биде само врз база на Копенхашките критериуми.

„Се подготвувам, јас сум човек кој сака предизвици и би сакал да го видам тој предизвик. Мојата позиција е јасна и тука никој не треба да има дилема. Ако во Европа постојат, а верувам дека не постојат европски политичари кои се опишуваат како модерни, современи, политичари на 21 век, а сепак, имаат во себе талибански мотиви, па сакаат да го загрозат човековото право кое е заштитено со многу меѓународни конвенции, тогаш јас сум подготвен со тие луѓе да аргументирам и дебатирам. Мојот интерес е да градиме мостови, а не да ги уриваме, да разговараме врз основа на аргументи и факти. Јас сум подготвен да разговарам со факти, не само на НАТО самитот, туку каде било и во Атина, и во Скопје и во Брисел… Ако ги слушавме тие пораки ние денеска веќе требаше да почне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во ЕУ зашто се сеќавам како дел од политичарите кои сега се гласни за Преспанскиот договор, пред 6 години ми велеа в очи – „Христијан само уште ова да помине, и за 5-6 години сте во ЕУ“. Сега би сакал да ги погледнам во очи и да им кажам дека се нечесни, дека даваат лажни изјави и дека го манипулираат овој мал, скапоцен народ во срцето на Балканот. Се додека има манипулации и двојни стандарди и се додека не се држиме до Копенхашките критериуми, ќе ни се случуваат вакви анахрони изјави, талибански методи и враќање во Средниот век“, изјави мандатарот Мицкоски.

Related posts

Мерц се соочува со пад на популарноста додека АфД расте

admin

Вучиќ разговараше со Пич: И покрај провокациите од Приштина, остануваме посветени на мирот

admin

Бајден: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

admin

Бајден се повлекува, ја поддржува потпретседателката Харис за номинација

admin

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЛУБОТ ВО БИТОЛА: БАРАМЕ ЗАШТИТА ОД ЕУ

ninja

СРПСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: СИТУАЦИЈАТА НА КОСОВО ПРЕДИЗВИКУВА ДЛАБОКА ЗАГРИЖЕНОСТ

ninja