21.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Пратениците од треттата изборна единица пријавиле имот од скоро 2.5 милиони евра

Најголем дел од вредноста на третата изборна единица припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која на изборите во мај освои четиринаесет (14) пратенички мандати од можни дваесет собраниски столчиња. Зад нив со четири (4) мандати е СДСМ и партијата Левица и Движењето ЗНАМ за наша Македонија со по еден (1) пратеник.

ВМРО-ДПМНЕ во „тројка“ тежи над 1, 2 милиони евра

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во третата изборна единица по разни основи пријавиле имот вреден  1.281.146 илјади евра.  Од  четиринаесетмината избрани пратеници, во нашето истражување за вредноста на имотот од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)  поседуваме анкетни листови за дванаесетмина од нив.

 

Најбогат, односно пратеник со најголем пријавен имот е велешанецот Игор Здравковски со имот вреден 331.099 илјади евра. Новоизбраниот пратеник од Штип, Душко Иванов кој како советник во Советот на Општина Штип пријавил имот вреден 226.201 илјади евра. По него во Топ 3 е неговиот сограѓанин и пратеник со стаж во македонскиот парламент, Никола Мицевски кој „тежи“  152.371 евра.  Пратеничката Рашела Мизрахи пак пријавила со имот од 116.097 илјади евра. Носителот на листа во треттата изборна единица, Драган Ковачки според  достапниот анкетен лист пријавил имот во вредност од 115.407 евра. По нив следат Марија Петрушевска со 90.084 евра, пратеничката од Виница, Даниела Христова со 79.868 евра, кочанчанецот Миле Лефков со 66.540 евра, Благица Ласовска со 42.569 евра, Емил Спасовски со 38.585 евра, Драгана Арсова со 17.723 илјади евра и на дното од листата е младата пратеничка  Драгана Бојковска со имот од 4.602 евра.

Податок за вредноста на имотот во нашето истражување не поседуваме за пратеникот Александар Јамалов и Никола Коњановски.

Четворката на СДСМ вреди скоро како четиринаесетмината на ВМРО-ДПМНЕ во „тројка“

Четворицата пратеници на СДСМ и коалицијата во третата изборна единица пријавиле имот во висина од 1.129.919 илјади евра, што е скоро приближно на вредноста на четиринаесетмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголем имот пријавил пратеникот на НСДПГоран Мисовски од 596.940 илјади евра. Зад него е штипјанецот Благој Бочварски со имот од 237.061 евра, по него следи Љупчо Николовски со 211.422 евра и носителката на пратеничката листа, Сања Лукаревска со имот од 84.496 илјади евра.

Единствениот пратеник на Левица, Борисав Крмов тежи 32.552 евра

Анкетниот лист на Борислав Крмов изнесува 35.520 илјади евра. Тој пријавил само стан во родниот Штип од 65 м2, стекнат со наследство во 2015 година во вредност од 2.000.002 денари.

Пратеникот на Движењето ЗНАМ за наша МакедонијаПавле Арсоски го нема во регистарот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) бидејки досега немал обврска да го пријавува имотот, со оглед дека не е бил избран на именувана функција.

Штипската четворка во „тројка“ вреди над половина милион евра

Од треттата изборна единица во новиот парламентарен состав се најдоа четворица пратеници во законодавниот дом. Од нив, двајца се од ВМРО-ДПМНЕНикола Мицевски и Душко ИвановБлагој Бочварски од СДСМ и Борислав Крмов од партијата Левица. Штипското крило во законодавниот дом заедно „тежи“  648.185 илјади евра. Најбогат е пратеникот Бочварски, а по него следат, ИвановМицевски и Крмов.

Седумнаесетмината народни избраници за кои поседуваме податок за нивниот имот заедно вредат 2.443.617 илјади евра. Од нив, 1.281.146 илјади евра се на најбројните четиринаесет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ1.129.919  тежат четворицата пратеници на СДСМ и 35.520 евра е имотот на Левица, односно единствениот пратеник на партијата во „тројка“, Борислав Крмов.

Извор: pep.scoop.mk

Related posts

Избори во едно, или едно по едно

admin

Крвава граѓанска војна во Судан, две генерали се борат за власт

admin

Турски локални избори: Опозицијата го запрепасти Ердоган со историска победа

admin

УАПСЕНА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕВРОПСКОТ ПАРЛАМЕНТ

ninja

Фолксваген објави огромен профит

admin

Телефонски разговор Ковачевски – Денков: Потребен е конструктивен пристап

admin