-1.2 C
Скопје
20 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Села: Програмата на Владата е програма на ВМРО, нема ништо од ВЛЕН

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, рече дека новата Влада е нелегитимна и дека Владата се плаши од слободата на говорот.

„Тоа е Влада на која секако и недостига легитимитет и секако дека Владата е изгласана, но Владата се плаши од слободата на говорот од тоа што имаат да кажат тие што се претставници на народот“, изјави Зиадин Села во „Дејли клик“ на ТВ21. .

Зиадин Села рече дека во новата Влада има министри како Иван Стоилковиќ кои се за политиката на Путин и се смеат на трагедијата во Сребреница и додаде дека врските на Столковиќ се тесно поврзани со српската БИА и Путин.

„Владата во себе има министер кој отворено изразува поддршка за политиката на Путин, како што е Стоилкоиќ, кој отворено се смее на трагедиите што му се случија на народот, случајот со геноцидот во Сребреница, на кој тој се смееше“, рече Села.

Села рече дека ниту една реченица не е земена од програмата на ВЛЕН и вметната во владината програма и рече дека целата програма е на ВМРО.

„Тоа значи дека тоа е програма на ВМРО и ова е предупредување за надмоќ што Христијан Мицкоски се обидува да ја оствари над Албанците и другите заедници во Северна Македонија“, рече Зиадин Села.

 

Related posts

Светот низ карикатури

admin

Премиерот Ковачевски најави оставка

admin

Сите посочуваат виновник за високите цени, никој не го санкционира

admin

Проруски свештеник избран за нов патријарх на Бугарската православна црква

admin

Интервју со Такер Карлсон: Проверка на факти за „чудните “ стории на Путин

admin

Постери во Белград ја прикажуваат С Македонија како дел на на „Голема Србија“

admin