17.9 C
Скопје
13 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

СРС го прогласува шампионот за регионална соработка за 2023

Советот за регионална соработка (RCC) ќе го претстави добитникот на наградата „Шампион на регионалната соработка др.Ерхард Бусек“, на свеченост што ќе се одржи на 12 јуни 2024 година во Скопје, по годишниот состанок на оваа организација. 

Наградата „Шампион на регионалната соработка др.Ерхард Бусек“ , што Советот за регионална соработка за прв пат ја додели во 2013 година, се доделува секоја година во соработка со Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, на поединец или на организација која има значаен придонес за унапредување на регионалната соработка во Југоисточна Европа. Претходните добитници на наградата се No Borders Orchestra, Exit festival, Sarajevo Film Festival и многу други.

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, и Томас Штолц, претставник на Министерството за европски и меѓународни работи на Австрија, ќе се обратат пред учесниците и ќе го претстават добитникот на наградата.

Ги повикуваме претставниците на медиумите да присуствуваат на свеченоста на која ќе биде доделена наградата „Шампион на регионалната соработка“ што ќе се одржи во Музејот на современа уметност ( ул.Самоилова, бр.17) во Скопје, во среда, 12 јуни 2024 година, со почеток во 19:30 часот.

 

 

Related posts

Робертсон: Кина претставува „смртоносна“ закана за Велика Британија

admin

Во Куманово ќе се потврдува поддршката за Таравари

admin

Таравари од Њујорк гаси искри во Скопје

admin

Палењето на автомобилот на Груби, реагира АзА

admin

Средби во Брисел, О’Брајан: Косово и Србија да ги решат проблемите, неспроведување на договорите загуби за двете страни

admin

Советот на ЕУ со заклучоци за дигитализацијата: Сите правата да се применуваат и во онлајн светот

admin