-0.2 C
Скопје
17 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАСВЕТ

Мицкоски и Меџити се сретнаа со Зеленски во Лондон

Премиерот на Северна Македонија, Кристијан Мицкоски, и неговиот прв заменик Изет Меџити, денеска во Лондон, Велика Британија, оствариле средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Денеска во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон остварив кратка средба и разговор со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство.

Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици.

Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање“, напиша Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

За средбата информираше и самиот Меџити.

„За време на нашиот престој во Лондон, како дел од Самитот на Европската политичка заедница (EPC Summit), одржавме средби со голем број важни меѓународни лидери и претставници. Заедно со премиерот, г. Христијан Мицкоски, имавме задоволство да се сретнеме со претседателот на Украина, г. Володимир Зеленски.
Разговаравме за клучните прашања кои влијаат на нашиот регион, вклучувајќи ги безбедносните предизвици и перспективите за нашите земји. Се фокусиравме на интеграцијата во евроатлантските структури, која има за цел да обезбеди попросперитетна и побезбедна иднина за нашите граѓани. Разговаравме и за неопходноста од регионална и меѓународна соработка за соочување со заедничките предизвици.
Ја истакнав важноста на нашите стратешки сојузници, како што се Велика Британија и Соединетите Американски Држави, кои беа и продолжуваат да бидат силни поддржувачи на нашите евроатлантски аспирации. Нашето партнерство со ОК и САД е силен столб кој обезбедува мир, стабилност и одржлив развој во регионот и пошироко.
Овие средби не само што ги зајакнуваат нашите врски со меѓународните партнери, туку служат и како важен поттик за унапредување на нашата агенда, за полноправно членство во евроатлантските структури.
Овие напори се од суштинско значење за изградба на стабилна и просперитетна иднина за Северна Македонија и нашиот регион!“, напиша Меџити на неговиот Фејсбук профил.

Related posts

Тестовите ПИСА се аларм за итни реформи во образованието

admin

Инфлацијата во САД се зголеми за 7,9 отсто во изминатата година, највисока во последните 40 години

ninja

ТАРАВАРИ СО ЕДНА НОГА ВО ВЛАДАТА

ninja

Спектакуларен брз раст на бројот на електрични автомобили во ЕУ

admin

Пораки за обединување, но и меѓусебни критики за Денот на македонската револуционерна борба

admin

Меџити: Или ја продолжуваме битката, или одиме дома и се предаваме

admin