22.8 C
Скопје
16 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Мицотакис во Вашингтон: Сериозно сум загрижен кога новата Влада ја нарекува државата Република Македонија

Сериозно сум загрижен кога ќе слушнам дека новата Влада ја нарекува државата Република Македонија внатре во државата, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Советот за надворешни односи во Вашингтон, зборувајќи за Договорот од Преспа и европскиот пат на Западен Балкан, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

Мицотакис рече дека еден од најважните аспекти од Преспанскиот договор е името Северна Македонија да се употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата.

„И ова е нешто за што не може да се преговара. Многу е јасно, тоа е во Договорот од Преспа, и јас за тоа не можам да преговарам. И кога ќе слушнам дека новата Влада ја нарекува државата Република Македонија внатре во државата, јас имам сериозни грижи“, кажа Мицотакис. Тој рече дека има намера да го покрене ова прашање.

„Иако не е конструктивно, не помага на европскиот пат на Северна Макеоднија, тоа е непотребна комплексност во време кога треба да бараме области на обединување“.

Мицотакис додаде дека Северна Македонија денес е дел од НАТО затоа што Грција го тргнала ветото за членство на државата во Алијансата.

„Грција отсекогаш ја поддржувала европската перспектива на шесте земји од Западен Балкан. И во тој поглед, ние бевме доследни во нашата политика, но проблемот со Балканот е во тоа што честопати на некој начин се појавуваат духови на национализмот и кога не ги очекувате“.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, кажа дека не се чувствувал добро кога во Вашингтон бил претставен како премиер на Северна Македонија.

„Тука сум претставен како премиер на Северна Македонија. И тоа не е добро чувство. Тоа не е добро чувство за мене, бидејќи го сменивме името. И ова не е нешто со што треба да се гордееме. Ова чувство го имаме во стомакот. И направивме многу во однос на имплементацијата на Преспа“, кажа Мицксоки на разговор во „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон.

Во петокот, главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд, во интервју за Гласот на Америка на македонски, рече дека силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО Алијансата.

„Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион“, рече Бјуланд.

Вечерва во Вашингтон официјално почнува Самитот на НАТО, на кој ќе присуствува премиерот Мицкоски, заедно со министрите за одбрана и надворешни и внатрешни работи

Related posts

ВЕТИНГ – СТАРА ПЕСНА ВО НОВ АРАНЖМАН

ninja

Средба Столтенберг-Османи: НАТО е клучен фактор за безбедноста на Западен Балкан

admin

Ахмети: Надлежните да ги истражат Мерко и Дрин, стоиме на ставот за ветинг

admin

„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОД СТРАЖА

ninja

Мехмети: Да не беа уставните измени, разликите меѓу Груевски и Мицкоски ќе останеа “под маса”

admin

Бајден: Нова помош за Украина, само оваа недела одделени една милијарда долари од САД

ninja