22.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Бајден останува во трката за претседател на САД

Претседателот Џо Бајден денеска потврди дека ќе продолжи со кандидатурата за реизбор, отфрлајќи го зголемениот притисок од неговата Демократска партија да се повлече по катастрофалниот дебатен настап со кој се покренаа прашања за неговата подготвеност. Тој рече дека не бил принуден да ја напушти кандидатурата.

“Јас ќе се кандидирам. Јас сум лидер на Демократската партија. Никој не ме принудил да напуштам било што“, рече Бајден, според врвниот соработник кој го објави неговиот коментар на платформата за социјалните медиуми X.

Бајден и Харис се појавиле на повикот на Демократскиот национален комитет, според три анонимни лица запознаени со ова прашање. Тие рекоа дека тоа било напорен разговор, нагласувајќи ги влоговите на изборите и навраќајќи се на претходните коментари на Бајден по дебатата дека тој повторно ќе се кандидира.

Тоа биле едни од неколкуте напори на претседателот и неговите врвни соработници да се обидат да ја смират зголемената вознемиреност меѓу неговите сојузници во Конгресот и на највисоките нивоа на неговата партија.

Демократите се незадоволни од дебатниот настап на Бајден, како и од персоналот на Белата куќа, но и од самиот Бајден. Постои подлабока фрустрација кај некои демократи кои сметаат дека Бајден требало многу порано да се справи со прашањата за неговиот перформанс околу дебатата и дека ги ставил во тешка позиција останувајќи во трката за претседател на САД.

Related posts

Антииалбански скандирања во Куманово: Реагираат партиите на Албанците

admin

СО ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ ЗАШТЕДА ОД 200 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

ninja

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот следуваат повисоки плати, пензии и повеќе инвестиции

admin

Пет партии се обединуваат во ВЛЕН – најавен нов политички блок кај Албанците

admin

Русија се соочува со масовно дезертирање: Над 50.000 војници избегале од фронтот

admin

Г7 подготвува унифициран одговор на кинеската „економска принуда“

admin