-1.2 C
Скопје
20 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Бугарски медиум: Мицкоски свесно ја блокира евроинтеграцијата на Северна Македонија

Христијан Мицкоски залудно чека избор на нова влада во Софија, порача бугарското Министерство за надворешни работи, во реакција на изјавата на македонскиот премиер од пред два дена, јави Дојче веле на македонски јазик.

„На властите во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за повторно преговарање на меѓународните обврски кои се веќе преземени може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ“, порачуваат бугарското МНР.

Мицкоски во вторникот рече дека очекува по изборите во Бугарија на 27 октомври да се формира политичка влада со која ќе може да се разговара и да се најде „заедничко решение со кое конечно ќе се тргне децениската блокада која ја имаме како држава во евроинтегративниот процес“.

„(…) Нагласуваме дека, без разлика дали е техничка или редовна бугарска влада, дијалогот не вклучува повторно преговарање на веќе преземените обврски од Скопје“, му реплицираат од бугарското МНР.

Премиерот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ подолго време пред јавноста ја пласираат тезата за можноста за ново преговарање на условите во Преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Со истата теза, која беше присутна и во опозициските денови на ВМРО-ДПМНЕ, настапува и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. И официјална Софија и ЕУ досега ја отфрлаа ваквата можност.

Освен што уставните измени за внесување на Бугарите воопшто не се на агендата на новата влада, во меѓувреме беше стопирана и изградбата на железничката пруга кон Бугарија- проект поддржан и финансиран од ЕУ, кој требаше политички и економски уште повеќе да ги приближи соседните земји.

Бугарскиот интернет-портал „Медиапул“ во авторски коментар објавен во четвртокот (29.08.) изразува сомнеж дека Мицкоски „свесно ја блокира евроинтеграцијата на Северна Македонија заради внатрешнополитички, но и надворешно-политички цели, а за таа цел ја брендира Бугарија како непријател број 1 на неговата земја“.

Авторот Никола Лилов оценува дека „блокирана интеграција создава антиевропско расположение во Северна Македонија, кое лесно може да биде искористено од трети страни“.

Лалов пишува дека е неспорно оти најголемиот национален интерес на Бугарија е Северна Македонија да стане членка на ЕУ, но додава, „тој ни оддалеку не е прифатен од сите политичари во Бугарија“.

„И ќе биде уште помалку прифатен, додека Мицкоски го оправдува недостатокот на реформи и напредок со Бугарија“.

Скопје ризикува да го пропушти брзиот пристап кон ЕУ, додава тој, оценувајќи дека тоа им е јасно на сите, вклучително и на Мицкоски.

„Прашањето е дали тоа не е неговата цел. За жал, има доволно фактори во Бугарија, кои ќе му помогнат“, заклучува авторот на коментарот во „Медиапул“.

Related posts

Лога ја отвори Пандорината кутија а бугарските здруженија со пропаганда за „олеснување “ на чекорите до бугарски пасош

admin

Два конгреса на АА: Со Таравари вечерва, со Села во недела

admin

Ретка достоинствена прослава на независноста од една балканска држава

admin

Незири: Колективната оставка е стратегија на ДУИ и храбар чекор на Ахмети

admin

Касами и Гаши кројат опозициски фронт, сакаат да ја урнат владата

admin

Таравари: Излегуваме од владата и одиме на избори ако не поминат уставните измени

admin