-1.2 C
Скопје
14 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Историската комисија меѓу чеканот и наковалната

Работата на Комисијата често беше мета на критики од бугарските членови, а некои од нив со претходно искуство во политиката често се впуштаа во политички коментари.

Најавата на премиерот Христијан Мицкоски денеска дека во периодот што следува ќе има кадровски промени во  Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија  за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, наиде на медиумско внимание во Бугарија. Во фокусот е изјавата на премиерот дека таа не ги оправдала очекувањата и не била заштитник на националните интереси на македонскиот народ.

„Мицкоски целосно ќе ја oбесмисли историската комисија со Бугарија”, гласи насловот на порталот Медиапул.

„Мицкоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ развија моќна антибугарска кампања, а сега ќе ја обесмисли и онака тешко работечката комисија (…) Во последните месеци таа сосем запре да се состанува, а пред тоа реализираше многу мал напредок. Работата ѝ остана тесно поврзано со политичката ситуација во двете земји“, пишува порталот.

Медиапул коментира дека „Мицкоски е на пат да ги блокира односите со Бугарија и европската интеграцикја на неговата земја, откако порано откажал да влезе во разговори со службената влада на Бугарија и изјавил дека ќе ја очекува редовната власт“.

„ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржува и уставните промени со кои во Уставот на земјата треба да бидат впишани и Бугарите. Тоа е еден од условите во преговарачка рамка на Северна Македонија, за да започне реални преговори за членство во ЕУ“, посочува Медиапул.

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски изјави дека историската комисија не ги оправдала очекувањата и не била заштитник на националните интереси на македонскиот народ Фотографија: Government of North Macedonia

БТВ ја пренесува изјавата на Ѓоргиев дека нема да коментира политички став, лично мислење искажано од политичар, но и дека на членовите наскоро им истекува мандатот.

„Тој прецизираше дека договорите им истекуваат на 15-ти септември и не знаат дали ќе бидат продолжени, а на 18-ти септември во Скопје има нов состанок на Комисијата за историски прашања, заедно со бугарските историчари. Во последните денови бугарскиот амбасадор во Скопје – Ангел Ангелов се сретна со премиерот и министерот за надворешни работи. Тој рече дека новата влада во Бугарија ќе биде подготвена за дијалог, но не и за нови преговори“, потсетува БТВ.

Ангелов пред истекот на неговиот мандат порача дека тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува, а во тој контекст ја посочи и Комисијата.

„Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи. Ние треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и  историската комисија,”  рече Ангелов.

Политички коментари

Работата на Комисијата често беше мета на критики од страна на бугарските членови, а некои од нив со претходно искуство во политиката даваа и политички коментари, како на пример  копретседавачот во Комисијата Ангел Димитров  (претходно кариерен дипломат) со оценка дека Северна Македонија не се однесува како кандидат за членство во ЕУ, или како што честопати тврдеше – дека македонскиот тим во Комисијата работи под политички притисок.

Иван Илчев член на Комисијата, во средината на август во интервју за „24 часа” даде повеќе оценки, но не за работата на Комисијата туку за внатрешните состојби во РСМ, Коридорот 8 и за одржливоста на државата.

„Вака или онака, РС Македонија е неверојатно самоизолирана држава. Не знам дали Бугарите си претставуваат каква е територијата на нашата југозападна сосетка – таа е 26.000 квадратни километри -повеќе од четири пати помала од Бугарија. А во северозападниот дел од земјата доминантното население е со албанско потекло и не чувствува никаква врска со македонските граѓани“, вели Илчев.

Иван Илчев
Иван Илчев: РС Македонија е неверојатно самоизолирана државаФотографија: BGNES

За илустрација на состојбите даде два примера.

„Пред 3-4 години бев на редовната средба на балканските универзитети која се одржа во Тетово – еден од албанските центри на албанската заедница во нашата југозападна сосетка. Тогаш ректорот на Букурешкиот универзитет дојде кај мене и ме праша – како е возможно во РСМ да се веат знамиња на туѓа држава – во Букурешт тоа никогаш не може да се случи“, раскажува Илчев.

Вториот пример е за негова средба со млада продавачка (Албанка) која не го знаела македонскиот јазик.

„Мислата ми е дека има едно младо поколение кое не го говори и не го разбира официјалниот јазик во земјата и не се чувствува обврзана со неа. Не гледам како ќе се задржи таа држава. Многу е лошо ако се распадне, зашто има многу тешки геостратегиски последици за нас. Се надеваме дека ќе најдат некој систем на взаемна толеранција“, изјави Илчев.

Сѐ уште за Средниот век

Од страна на  македонските членови во Комисијата  досега немало изјави кои излегуваат надвор од нивниот мандат. Говореа исклучиво за работата на Комисијата. Но, постојно беа меѓу чеканот и наковалната: во дел од домашната јавност беа критикувани дека „попуштале“, а од изјави на бугарските членови се слушаше критика дека се „тврди“ во смисла „непопустливи“ и дека нема напредок.

Годинава биле одржани три  состаноци на Комисијата.  Сè уште се разговарало за Средниот век,  односно за содржината на учебниците по историја за шесто одделение во Бугарија и за седмо одделение во РСМ кои го третираат тој период. Од Средниот век се усвоени препораки за пет  личности кои се однесуваат за заедничките македонско-бугарски чествувања  за тие личности, но за учебниците немало напредок. Досега биле усвоени препораките за учебниците по историја за античкиот период, кои се однесуваат на учебниците за петто одделение во Бугарија и за шесто во РСМ. /DW

Related posts

Како важна бугарска тема делумно се покрива со „Македонија“?

admin

Мицкоски и Орбан го запечатија пријателството

admin

КОВАЧЕВСКИ: И ЕВРЕИТЕ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ

ninja

Меџити контра ДУИ: Вие сте последните витези на Груевски

admin

Ахмети: ДУИ не е резервна гума

admin

ПУТИН:„НЕ БЛЕФИРАМ“, ЗАПАДОТ: БЛЕФИРАШ

admin