15.8 C
Скопје
12 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Владата го усвои предлогот за кредитот од Унгарија

Законот којшто се однесува на кредитот што земјава треба да го земе од Унгарија денеска помина на владина седница, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој доаде дека законот многу скоро ќе се најде пред пратениците во Собранието, јави РСЕ.

Откако ќе помине во Собранието, министерката за финансии ќе отпатува во Унгарија каде ќе го потпише договорот, рече Мицкоски.

„Условите се оние што ги зборуваме – 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, на 24 полугодишни рати кои ќе се плаќаат секој февруари и секој август. Моментално тоа се услови што не можеме ни приближно да ги обезбедиме на било кој друг пазар“, рече Мицкоски.

Кредитот од Унгарија во висина од половина милијарда евра беше договорен за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон каде се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Кредитот, како што посочи Мицкоски, има развојна компонента затоа што дел ќе оди за развој на стопанството и на општините.

Related posts

Зошто Трамп молчи за пресвртот на Бајден со ракетите

admin

САД и Украина го разгледуваат клучниот договор за ретките минерали

admin

СЕ „КРЧКА“ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО

ninja

Пендаровски ја доби поддршката на СДСМ за втор мандат

admin

Македонија преговара со Air Arabia за две нови авиолинии

admin

Г7 под притисок да се реформира: САД се повлекуваат, нови сили бараат влез

admin