6.8 C
Скопје
12 ноември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ахмети со писма го алармира меѓународниот фактор, повикува на заедничка акција

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати со писмо до водечките меѓународни лидери, вклучувајќи ги претседателот и премиерот на Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Во овие писма, како што известува ДУИ, Ахмети изразува длабока загриженост за последните политички настани и уставните промени кои се случуваат во Северна Македонија. Тој истакнува дека овие промени претставуваат сериозна закана за досегашните достигнувања на Охридскиот договор, кој гарантира права и еднаквост за албанската заедница и го зачувува стабилитетот во мултиетничка држава. Ахмети ја нагласува важноста на овој договор за обезбедување на долготраен мир во Северна Македонија и за избегнување на етнички поделби.

Ахмети изразува загриженост за три последни одлуки кои, според него, претставуваат ризик за нарушување на меѓуетничката хармонија и стабилноста на земјата.

Според неговите писма, овие одлуки вклучуваат: „планови за укинување на Законот за употреба на јазиците, кој е една од главните столбови за зачувување на меѓуетничката еднаквост; забраната за идентификување на етничката припадност во државните институции, одлука која, според него, го ослабува идентитетот и претставувањето на етничките групи; формирање на владино мнозинство без праведно претставување на етничките заедници, што претставува ризик за прекршување на принципот на праведно претставување и создавање тензии во владиниот состав на земјата.“

Преку овие писма, Ахмети повикува на „заедничка меѓународна акција за зачувување на достигнувањата на Охридскиот договор и за заштита на правата на Албанците во Северна Македонија.“ Тој бара меѓународните партнери да го искористат својот влијание и да се ангажираат во зачувувањето на мирот и стабилноста во оваа земја и регионот.

Во едно од своите писма, Ахмети му се обрати на премиерот на Албанија, Еди Рама, барајќи да преземе конкретни чекори во поддршка на ова важно прашање за стабилноста на Албанците и за иднината на Северна Македонија како мултиетничка држава.

Подолу го објавуваме целосното писмо кое го испрати до албанскиот премиер Еди Рама:

Почитуван г. Еди Рама,

Премиер на Република Албанија,

Ве контактирам денес со длабока загриженост за последните политички и уставни случувања во Северна Македонија, кои ги загрозуваат историските достигнувања на Охридскиот договор и основните принципи на еднаквост и мир во нашата мултиетничка држава, особено за Албанците во Северна Македонија.

Тажните планови, неочекувано најавени од Владата на земјата, дека Уставниот суд планира да ги укине главните одредби на Законот за употреба на јазиците, со кои албанскиот јазик е официјален јазик според Амандманот 5 од Уставот, претставуваат тешок удар врз Охридскиот договор, еднаквоста, меѓуетничката хармонија и стабилноста во земјата.

Понатаму, одлуката на Уставниот суд да го забрани идентификувањето на етничката припадност на граѓаните во државните институции го нарушува принципот на колективни права на етничките заедници и, според тоа, ги поништува и главните инструменти на балансирачкиот механизам на Бадентер, кој беше суштински дел од Охридскиот договор. Овој механизам е создаден за да ги гарантира колективните права на етничките заедници според демографската реалност, обезбедувајќи основна заштита од секое доминирање. Уставниот суд, со елиминирање на декларирањето на етничката припадност, го крши самиот Устав, каде како основна вредност го има праведното и адекватното претставување, и не враќа во состојба пред постигнувањето на Охридскиот мировен договор.

Конечно, по последните избори, основниот принцип на Охридскиот договор, кој бара формирање на политичко мнозинство базирано на праведно претставување на етничките заедници, е тешко прекршен. Овој чин не се однесува само на ДУИ, туку го нарушува принципот на праведно претставување, загарантирано со Амандманот 6 од Уставот на Северна Македонија, и претставува заштитен механизам за спречување на доминација на мнозинството врз малцинството.

Овие три големи удари врз темелите на Охридскиот договор претставуваат сериозна закана за мирот, стабилноста, меѓуетничката хармонија и мултиетничката демократија во Северна Македонија. Овие не се само внатрешни политички прашања, туку имаат сериозни последици за регионот и неговата стабилност. Овие интервенции се закана за укинување на клучните елементи на мирот и еднаквоста, враќајќи нѐ во условите пред 2001 година, кои беа причините за кризата и војната во таа година.

Во овој критичен момент, ве повикувам на заедничка и решителна акција за заштита на достигнувањата на Охридскиот договор и загарантираните права на Албанците. Вашиот ангажман за подигање на свесноста на меѓународните партнери и релевантните институции за оваа уставна и политичка криза е неопходен.

Ви благодарам за вашата неуморна посветеност на албанските прашања и стабилноста на регионот.

Со високи почит и почитување,

Али Ахмети,

Претседател на Демократската унија за интеграција

Related posts

ЕУ-интеграција: Малку напред кон 2030, малку назад кон 2018

admin

Нефју: Имаме веродостојни информации дека Мерко бил вмешан во голема корупција

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Ставот останува непроменет – нема уставни измени под бугарски диктат

admin

ВООРУЖЕНИ ПРЕСМЕТКИ НА БАНДИТЕ КАКО НА ФИЛМ, ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК

ninja

Радев со порака до Силјановска-Дафкова: Променете ја реториката

admin

100 дена на АзА во власта, Таравари: С.Македонија е многу подобра денеска

admin