10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Потпишани договори за капитални инвестиции од 250 милиони евра за општините

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги потпиша договорите за капитални инвестиции со претставниците на општините, кои ги исполнија условите и добија средства во рамките на проект во вредност од 250 милиони евра. Дел од средствата ќе се реализираат во овој буџет, додека остатокот ќе биде дополнет со следниот буџет за идната година.

„Денес се потпишуваат договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари, поделени во шест клучни области. Ова е наше клучно ветување до граѓаните и доказ за нашата посветена работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани,“ истакна премиерот Мицкоски.

Средствата се наменети за различни области, вклучувајќи образование, транспорт, социјална политика, спорт, култура и животна средина. Проектите опфаќаат реновирање на училишта, изградба на патишта, детски градинки, спортски центри, реставрација на културни знаменитости и системи за водоснабдување и канализација.

Related posts

Четири нови дестинации на Визер од Скопје

admin

Илинденски пораки: Наместо поделби, обединување за општо добро

admin

Истрагата за Артан Груби е завршена

admin

КОРОНАВИРУСОТ СЕПАК ИЗЛЕГОЛ ОД ЛАБОРАТОРИЈА?

ninja

Што договорија RCC и OSCE за иднината на безбедноста на Балканот?

admin

Мицкоски со порака до граѓаните: Ако има метеж – летувајте дома

admin