24.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КОРОНАВИРУСОТ СЕПАК ИЗЛЕГОЛ ОД ЛАБОРАТОРИЈА?

Нови откритија на тајните служби го наведоа Министерството за енергетика во Вашингтон да претпостави дека пандемијата на корона се должи на лабораториски дефект во Кина. Иако, како што пишува „Волстрит журнал“, ваквите претпоставки се носат со „мала увереност“.

Со тоа, по ФБИ, и втора американска институција ги смета за веродостојни шпекулациите за лабораториско истекување во Вухан, но двете институции не го сочинуваат мнозинството од владините оддели кои се занимаваат со проблемот.

Нема консензус за потеклото на вирусот

Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност, призна дека администрацијата на Бајден сè уште нема консензус за потеклото на коронавирусот.Претседателот продолжува да верува дека е од суштинско значење да се истражи причината, рече Кирби. Тоа, додаде тој, е единствениот начин за борба против идните пандемии.

Слична изјава во неделата (26.02) даде и Џејк Саливен, главниот советник на Бајден за прашања на безбедноста. „Ако добиеме повеќе инсајдерски информации, ќе ги споделиме со Парламентот и американскиот народ“, рече Саливен. Според него, досега нема дефинитивен одговор од тајните служби на прашањето за потеклото на вирусот.

Притисокот во Конгресот расте

Не е случајно што Саливен конкретно го смирува Конгресот. Од редовите на парламентарците се зголемува притисокот за конечно расветлување на ова прашање- и тоа не се слуша само од опозицијата. „Тоа е многу вознемирувачки извештај“, вели пратеникот на Демократите, Ро Кана. Кој безбедносен орган е во право веројатно може конечно да се разјасни само ако Кина покаже поголема транспарентност, изјави Кана.

Сепак, САД прво ќе мора да изметат пред сопствената врата: Бајден мора да ги седне претставниците на инволвираните институции на една маса, да ги натера на размена на информациите со кои располагаат и да ги натера да дојдат до заедничка проценка, побара демократот Кана.

Опозицијата ја користи ситуацијата

За опозицијата различните оценки во власта се дар од небото. Републиканците радосно се нафрлија против Бајден и против социјалните мрежи, како Фејсбук и Твитер, на кои беа избришани објавите во кои се зборуваше за вештачки вирус.

И демократот Кана зборува за цензура. „Не беше во ред да се замолчат оние кои зборуваа за лабораториска несреќа“, оценува Кана. Ако таква теорија разгледува дури и Министерството за енергетика, тогаш таа во најмала рака е една „плаузибилна теорија“, смета Кана.

Related posts

Забраната на српскиот динар предизвикува тензии во Косово

admin

РЕФОРМА НА ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ БЕЗ ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ

ninja

Спасена мечка заглавена во бачило во Бозовце (ВИДЕО)

admin

Американски лекари: Бајден е здрав и способен

admin

Која земја произведува најмногу велосипеди во Европа?

admin

СДСМ за пречекот на Курти во Тетово и Чаир: Касами и Гаши се партнери на Мицкоски

admin