21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Грозоморен инцидент во училиште во Ѓорче Петров: Првооделенци се обиделе да силуваат соученик со стаклено шише

Двајца првооделенци од Димитар поп Георгиев Беровски во Ѓорче Петров, се обиделе да силуваат свој соученик. Грозоморниот чин сакале да го направат со стаклено шише. Случајот се одиграл во дворот на училиштето, а обидот за силување во полиција го пријавил таткото на детето.

„Во СВР Скопје, 44 годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него“

Детето веднаш ја информирала наставничката, но според инфомрации на Сител, таа не превзела ништо. Пријавата во полиција пристигнала во вторникот доцна попладне откако бил извршен лекарси преглед врз детето.

Со случајот биле запознати и локалните власти.. На итен состанок со надлежните од училиштето, суспендирана е наставничката на одделението во кое заедно учеле трите деца. За петмина наставници пак се бара дициплинска постапка. Оставка поднел и директорот на школото.

Како што информираат од општината, во меѓувреме на разговор биле повикани родителите на децата, а училишните служби работат со класот првооделенци. Од полицијата пак велат дека се работи на расчистување на случајот. / Сител

Related posts

Ковачевски: САД, ЕУ и ние имаме заеднички интерес

admin

Цената на електричната енергија порасна за 3.9%

admin

Тетовска фирма на вработен во Министерството за транспорт изработува ДУП-ови

admin

Незири за Фокус: Зошто ДУИ ги поразува сите ривали цели 20 години

ninja

Општината под клуч, Шабани: Мојот мандат заврши, клучевите ги има премиерот

admin

Субвенционирање на платите не е за цел приватен сектор туку само за три гранки

admin