14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Апасиев: Ајде бујрум нека се случи 2001, да видиме кој ќе го извлече подебелиот крај!

Мислам дека нема да дојде до тоа, ама ако дојде – тогаш ќе фатиме пушки како партизаните, да сме живи и здрави, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за неделникот „Фокус“.

Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, кој, меѓу другото, вели дека веќе се води Трета светска војна, притоа посочувајќи дека Балканот има 3 жаришта – Косово, Република Српска и Македонија. Сепак, Апасиев не очекува да дојде до реприза на 2001 година. Но, доколку дојде до такво сценарио, тој вели: „тогаш ќе фатиме пушки како партизаните“.

“Тргнувајќи од немирите или протестите за францускиот предлог, ми остана една епизода која го покажува степеност на зовриеност на Македонецот. Тоа беше ако ви текнува кога оној од ВЛЕН извади пиштол пред споменикот на Скендер бег, имаше еден Македонец кој го вклучи мобилниот телефон му одеше директно, го снимаше и му одеше во очи, а тој го држеше пиштолот. Е до таму е степенот на зовриеност кај Македонците.”

“И таа невралгична точка „ќе ви се случи 2001“ – ајде бујрум нека се случи! Да видиме кој ќе го извлече подебелиот крај. Мислам дека нема да им дозволат да дојде до тоа зашто не им одговора. Дури и во такви околности на депонија на Европа и треба каква таква стабилност за тој бизнис, особено германско-австрискиот бизнис и капитал тука профитира. И мислам дека нема да дојде до тоа, ама ако дојде – тогаш ќе фатиме пушки како партизаните, да сме живи и здрави.

Значи такви закани не поминуваат. Геополитички се сменети работите. Помина времето кога, се сеќавате во конфликтот 2001, освен Украина и тогашниот проруски претседател што ни даде оружје, нашите стратешки партнери Американците и Европејците ни ставија ембарго на оружје. Зошто сега на Израел не му стават ембарго, кога прави масакри во Палестина и Либан?”, вели Апасиев.

Related posts

Зеленски вели дека разговорите со американските пратеници донеле „нови идеи“ за мир

admin

Инфлацијата во САД се зголеми за 7,9 отсто во изминатата година, највисока во последните 40 години

ninja

Долги колони на границата со Грција: Чекање и до два часа поради новите проверки

admin

Exxon размислува за купување делови од санкционираните странски активи на Lukoil

admin

Капетановиќ: Поврзаноста клучна за конкурентноста на Западен Балкан

admin

Предизборно ќе се решава проблемот со автобуси меѓу градовите

admin