8.8 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Истражување: Дишеме загаден воздух и внатре и надвор

Опасноста од загаден воздух демне и во затворените простории речиси на исто ниво како и на отворено. Од идната година десет болници ќе се ослободат од мазутот и нафтата, како едни од најголемите загадувачи

Скопје повторно е еден од најзагадените градови во регионот. Со почетокот на грејната сезона енормното присуство на ПМ честички во воздухот се чувствува не само во главниот град, туку и во речиси сите градови во внатрешноста. Опасноста од загаден воздух демне и во затворените простории речиси на исто ниво како и на отворено. Најголеми загадувачи во текот на зимата и понатаму се согорувањето на дрвата, минералната прашина, којашто е поврзана со градежжништво и ресуспензија на прашина од улиците, согорувањето на отпад, како и согорувањето на нафта и мазут што најчесто се користи за загревање на јавните институции

Министерот за здравство, Арбен Таравари најави дека на Влада поминал проект кој треба да стапи на сила од наредната година. Се работи за 10 болници каде што ќе се замени досегашното греење со мазут и нафта, со нови начини кои нема да го загадуваат воздухот. „Се надевам дека проектот ќе помогне многу“, вели Таравари.

Загадувањето на воздухот особено им штети на ранливите категории, како што се децата, бремените жени, повозрасните луѓе и они коишто имаат кревко здравје. Проценките се дека во Северна Македонија, годишно во просек 3.400 луѓе умираат заради аерозагадувањето со суспендирани честички, или 17 до 19 проценти се смртни случаи поврзани со загадениот воздух.  Според извештај на УНИЦЕФ, од 10 родени деца во земјата, едно починува поради загаден воздух.

Загадено и внатре и надвор

Од загадениот воздух не може да се куртули ниту во затворените простории. Истражувањето на Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ од Штип покажува дека во текот на зимата има помали концентрации на ПМ честитки внатре од надвор, додека во лето е обратно – воздухот за затворените простории е позагаден од надвор.

„Во просек ги надминуваме препораките на Светската здравствена организација, скоро за двапати, така што неопходно е да се преземат мерки коишто би ги направиле условите во училиштата и во градинките да бидат здрави и безбедни за децата и за наставниците“, вели проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“, којшто учествуваше во изработката на студијата на УНДП. Минатата година биле извршени мерења во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Целта била да се утврди каков е квалитетот на воздухот што го дишат децата и наставниците во училиштата и градинките.

загадување Скопје
Скопје повторно е еден од најзагадените градови во регионотФотографија: DW/Petr Stojanovski

„Генерално дишеме загаден воздух и внатре и надвор, со тоа што внатрешниот воздух би можел да биде уште поголем проблем, бидејќи во зимскиот период подолг период престојуваме внатре, отколку на отворено. За разлика од надворешниот воздух, во внатрешните простории има услови за преземање на повеќе мерки – од современи системи за вентилација и филтрација на воздухот со хепа филтри, кои можат според повеќе студии, во реални услови да намалат и 80-90 проценти од концентрацијата на суспендирани честичкиОпасноста од загаден воздух демне и во затворените простории речиси на исто ниво како и на отворено“, вели Мираковски. Потребно е и редовно одржување на хигиена.

Шест главни фактори

И претходите истражувања на штипскиот универзитет покажаа дека најголемо учество во загадувањето на воздухот има согорувањето дрва – околу 30 отсто, а потоа следат минералната прашина и сообраќајот. Согорувањето на дрва е најголем загадувач во зимските месеци, а сообраќајот и минералната прашина ги загадуваат воздухот во текот на летните месеци.

И студијата за најголемите извори на загадувањето во главниот град, објавена пред две години, покажа дека греењето на дрва, односно согорувањето на биомасата претставува најголем извор на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје. Но, постојат и други значајни извори како согорувањето на нафтата и мазутот во разни процеси, минералната прашина која потекнува од градежните активности, ресуспензија на прашината од улиците и еолската (ветрова) ерозија на невегетираните површини. Исто така, загадува и палењето оган на отворено. бидејќи покрај согорување на земјоделски и градинарски отпад, има согорување и на многу други отпади, како што е бакарот.

Истражувањата покажуваат дека половина од основните училиштата во урбаната зона се греат на нафта или мазут. Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ на својата мапа на загадувачи лоцираше околу 700 јавни објекти во Северна Македонија кои се загадувачи, бидејќи се греат на мафта и мазут.  Околу стотина јавни објекти како болници, градинки, училишта, касарни, судови и други установи во Скопје користат нафта и мазут за затоплување и покрај тоа што градот има централно парно греење. Објекти што го загадуваат воздухот има и во другите градови.  Ако е студена зимата тие може да изгорат над 16,5 милиони литри нафта и над 4,8 илјади тони мазут.

Врховниот суд неодамна утврди начелен став со кој се отвораат вратите за граѓаните да можат да ја тужат државата поради загаден воздух. /DW

Related posts

Има ли „кочница“ за банкарските провизии при плаќање сметки?

admin

Џафери мандатар, Митрески претседател на Собрание

admin

Се исклучиле, самоисклучиле или се дел од ДУИ? Ахмети вели дека патиштата со “огнените” се разделени

admin

ДУИ ја исклучи “Огнената група”

admin

„Не е важно како се облечени, туку што им излегува од уста“: Каква порака испраќаат политичарите со стилот на облекување?

admin

ЗОШТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА БИДЕ ЗАВИСНА ОД РУСКИОТ ГАС?

admin