8.8 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството се жилави

Обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе акција против криминалци, вели премиерот Христијан Мицкоски

Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда, порача премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Тутунскиот комбинат АД Прилеп.

Коментирајќи ја одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која остро реагираше дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни на Законот за спречување на корупција и има судир на интереси, премиерот вели дека не очекува дека ќе биде лесна борбата во обвинителството и во судството. „Затоа што нивната цел, да дадат сѐ од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии да ги заштитат, добива епски размери“, вели Мицкоски, кој изминативе месеци често упатува критики до судството.

„Обвинители се разболуваат кога треба да преземат акција“

„Често пати во изминативе еве, речиси пет месеци од како сме Влада, се случува да некој од обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе акција против криминалци коишто беа симбол на едно минато владеење седум години и коешто не треба да ни се повтори“, вели премиерот.

Според него, малкумина во обвинителството и судството уште се слепи послушници на претходната Влада од СДСМ и ДУИ. „Но можам да ви кажам дека ќе победиме. Македонските граѓаниќе добијат правда, онаква каква што заслужуваат, а не неправда од страна на малкумина октруирани послушници на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, коишто во последен момент секогаш добиваат стомачни напади, вируси и главоболки“, вели премиерот.

Изјавата следи откако Антикорупциската комисија минатата недела порача дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Според ДКСК, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не смеат да вршат функции во органи на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалби на кандидатите за судии и јавни обвинители. /DW

Related posts

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

admin

Постери во Белград ја прикажуваат С Македонија како дел на на „Голема Србија“

admin

ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР Е НЕУМЕРЕН ГЕСТ

ninja

Уапсен додека пешки се движел низ автопат во Турција: Кој е Лупчо Палевски?

admin

Брегу: Западен Балкан ќе се приклучи на единствениот пазар на Европската унија

admin

ЕСП ѝ фрла ракавица на ДУИ

admin