Без погрешно да бидам разбран: поборник сум за тоа да секоја партија одговара за сите „злодела” во текот на практикување на власта, но сметам оти до сега ниедна албанска политичка партија немала толку власт за да се посочи како наше наголемо страшило! Да не заборавиме, правната држава подразбира дека власта има ист аршин кон сите, почитувајќи ги правните норми, правила и процедури. Во спротивно, не потсетува на злокобната поделба на однесување кон едните – како мајка, а кон другите – како маќеа!
Пишува: Сељадин Џезаири
Има една стара албанска поговорка која вели: „прај го тоа што вели а не што прави оџата”. Следствено тоа, слушајќи и гледајќи ги настапите на владините чинители, никако да се убедам дека навистина тие се вистинските претставници и, секако, заштитници на интересите на народот. Иако нивниот „качик“ е далеку од, патем речено, еден Виктор Орбан, Реџеп Таип Ердоган, Марине Ле Пен, Хуго Чавез, Александар Вучиќ, Албин Курти или пак, ако сакате, Доналд Трамп, сепак нашите владини чинители прават се за да ни го избришат блиското сеќавање за практикување на власта и владеењето!
Разбирам оти власта е сласт, дека политичките страсти ги надминуваат очекувањата на – обичниот гласач, но што да правиме кога ни се редат нишките на владиното делување кои немилосрдно упатуваат на лошо, да не кажам погрешно поставување со една заедничка црвена нишка наречена: реваншизам!
Политичкиот ритуал кој веќе неколку месеци настојува да ни се наметнува од двете крила на владината коалиција, всушност зборува за недостиг на таканаречените црвени линии кога се во прашање во прв ред државните интереси. А државен, ако сакате баш и национален интерес, и за Македонците и за Албанците, е внатрешната меѓуетничка толеранција која, простете, не може да се негува со веќе напамет научени политички ритуални говори, со заедничка цел да се оцрни политичкиот противник! Како да се разбере тврдокорното повторување оти, внимавајте, ДУИ е ѓаволот, олицетворение на злото во земјата! Оти, внимавајте пак, 20 години ти била власт!
Чуму толкава врева, тревога и лага?
Зарем целиот изминат период немавме избори, зарем СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не беа главните двигатели, по добро и секако и лошо, за досегашниот од, секако со Партијата за демократски просперитет, Демократската партија на Албанците и Демократската унија за интеграција, внатре!?
Новопечените ангели лека полека настапуваат ангелисани, напросто од фактот дека институционалната меморија ни зборува како ВМРО-ДПМНЕ една читава деценија ни била прва партија, заедно со „неподобната” ДУИ, СДСМ, исто така! Партискиот историски континуитет на ДПМНЕ, продолжува и без Лубчо Георгиевски, и без Никола Груевски. Оттука, обвинувањата дека главната политичка партија на Албанците во Северна Македонија е главниот кочничар на започнатите и никако завршени реформи во речиси сите области, делува како, најблаго речено, првоаприлска шега!
Нова, додадена, вредност во политичката сцена, затоа, ќе имавме да новото раководство на најстарата македонска партија објавуваше тоа што се нарекува дисконтинуитет со нејзиното минато, да ја „остри сабјата“ и за своите и потоа да замавна против останатите! Без погрешно да бидам разбран: поборник сум за тоа да секоја партија одговара за сите „злодела” во текот на практикување на власта, но сметам оти до сега ниедна албанска политичка партија немала толку власт за да се посочи како наше најголемо страшило!
Да не заборавиме, правната држава подразбира дека власта има ист аршин кон сите, почитувајќи ги правните норми, правила и процедури. Во спротивно, не потсетува на злокобната поделба на однесување кон едните – како мајка, а кон другите – како маќеа!