4.8 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Предвремени избори во Германија на 23 февруари

По распадот на владината коалиција, во Германија се спори за датумот за предвремени избори. Сега, според медиумите, е постигнат компромис за 23 февруари меѓу опозициските демохристијани и владејачките социјалдемократи, јави Дојче веле.

Новите избори за германскиот парламент, Бундестагот, треба да се одржат на 23 февруари 2025 година. Според информациите на јавниот сервис АРД, за тој датум се договориле пратеничките групи на СПД и опозициските демохристијани (ЦДУ/ЦСУ). Се чини дека и либералите (ФДП) и Зелените очигледно го поддржуваат предлогот што треба да ја реши кризата на германската влада .

Така, по распадот на таканаречената  владејачка „семафор-коалиција“ составена од СПД (црвени), Зелените и либералите (жолти), конечно беше постигнат договор за  датумот за предвремени избори.

Се проценува дека на тој предлог нема да се спротивстави претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер. Имено, тој ја носи конечната одлука за датумот на изборите.

Допрва ќе се утврдува кога канцеларот Олаф Шолц да побара гласање за доверба на владата во Бундестагот. Очекуваниот пораз во тоа гласање ќе го поттикне процесот за одржување нови избори.

Демохристијаните го повикаа Шолц да го постави прашањето за доверба на владата веќе во среда во Бундестагот, што тој го одби. Се очекува канцеларот да побара гласање во парламентот за доверба на неговата влада на 16 декември.

Непосредно пред објавувањето на договорот, директорката за федерални избори, Рут Бренд, рече дека спроведување на изборите во таа временска рамка е „изводливо“. Таа претходно изјави дека одржувањето на избори во јануари ќе биде тешко да се спроведе.

По распадот на „семафор коалицијата“ минатата среда, Шолц се залагаше за одржување нови избори на крајот на март. Меѓутоа, под притисок на јавноста, тој во неделата покажа подготвеност за компромис. „За мене воопшто не е проблем да се постави прашањето за довербата пред Божиќ, ако сите се согласат за тоа“, рече канцеларот во неделата вечер на АРД.

Шолц, исто така, рече дека ќе го почитува договорот на шефовите на паратеничките групи Ролф Мицених (СПД) и Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ) за ова прашање. Очигледно двајцата високи политичари разговарале за тоа и постигнале договор.

Related posts

Убедлива победа на Мицотакис, “згазена” Сириза

admin

Бојер: “Црната листа” е поттик за владеењето на правото во С.Македонија

admin

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

admin

Рација во Седларце и Боговиње, приведени странски државјанки од Албанија, Белорусија и Русија

admin

Исмет Гури спроведен во Кривичен

admin

ЗНМ се солидаризира со Николовски и повикува на дијалог со МПЦ ОА

admin