5.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Бил Клинтон е хоспитализиран во болница

Поранешниот американски претседател развил треска, но е во добро расположение, рече неговиот портпарол. Клинтон се соочи со здравствените проблеми во годините по напуштањето на Белата куќа

 

Поранешниот претседател Бил Клинтон беше примен во понеделникот во Универзитетската болница Медстар Џорџтаун во Вашингтон, откако развил треска.

78-годишникот бил хоспитализиран во „попладневните часови за тестирање и набљудување“, соопшти Ангел Урена, заменик-шеф на кабинетот на Клинтон.

„Тој останува во добро расположение и длабоко ја цени одличната грижа што ја добива“, рече Урена.

Клинтон, демократ кој служеше два мандата како претседател од јануари 1993 година до јануари 2001 година, ова лето се обрати на Демократската национална конвенција во Чикаго и водеше кампања пред изборите во ноември за неуспешната кандидатура за Белата куќа на демократската потпретседателка Камала Харис.

Во годините откако Клинтон ја напушти Белата куќа, тој се соочи со здравствени проблеми.

Во 2004 година, тој беше подложен на бајпас операција откако имал долги болки во градите и отежнато дишење. Клинтон се врати во болница на операција поради делумно колабираните бели дробови во 2005 година, а во 2010 година му беа вградени пар стентови во коронарната артерија.

Клинтон прифати претежно веганска исхрана со која изгуби тежина и пријави подобрено здравје.

Во 2021 година, поранешниот претседател беше хоспитализиран шест дена во Калифорнија додека се лекуваше од инфекција која не беше поврзана со ковид-19 во време на пандемија.

Помошник на поранешниот претседател тогаш изјави дека Клинтон имал уролошка инфекција која се проширила во неговиот крвоток, но никогаш не доживеал септичен шок.

Помошникот на поранешниот претседател изјави тогаш дека Клинтон имал уролошка инфекција која се проширила во неговиот крвоток, но дека никогаш не доживеал септичен шок, состојба која е потенцијално е опасна по живот. Помошникот рече дека Клинтон во тоа време бил во одделот за интензивна нега во болницата, но не добивал интензивна нега. / VOA

Related posts

ВИДЕО Маричиќ: Важно е да се продолжи со отворен и искрен дијалогот, нема веќе причина за неуспех на уставните измени

admin

ЧАВУШОГЛУ – ДОКОЛКУ АТИНА НЕ САКА МИР, АНКАРА ЌЕ НАПРАВИ СÈ ШТО Е ПОТРЕБНО

ninja

Балканските лидери фрустрирани од чекањето пред портите на ЕУ

admin

Иџет Мемети призна вина и се спогоди со Обвинителството

admin

Инцидентот во Белград го вклучи „алармот“ кај македонските институции: Преку зајакната улога на стручните служби до побезбедни услови за учениците

admin

Мицкоски зема двојно поголема плата од српскиот премиер Вучевиќ, помала од Рама

admin