11.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Замор од проширување vs. замор од чекање – предупредување од Гаши

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека процесот на проширување на Европската Унија мора да остане заснован на заслуги и еднакви стандарди за сите земји-кандидати, без влијание од краткорочни политички интереси.

Говорејќи на меѓународна конференција во Љубљана, тој нагласи дека доколку правилата се исти, тогаш и третманот кон државите треба да биде еднаков, додавајќи дека земјите од Западен Балкан во одредени аспекти се подобро подготвени од некои држави кои веќе станале членки на Унијата.

„Западен Балкан не треба да се гледа како периферија што чека, туку како дел од Европа што природно се надополнува“, рече Гаши.

Тој се залага за побрза интеграција на шесте земји од регионот како единствен пакет, оценувајќи дека таквиот пристап би придонел за побрза консолидација на демократските стандарди, владеењето на правото и решавањето на билатералните спорови.

Гаши потсети дека Северна Македонија од независноста во 1991 година има јасна стратешка ориентација кон евроатлантските интеграции, но додаде дека патот бил обележан со бројни предизвици, вклучително и билатерални спорови.

Во тој контекст, тој го посочи Преспанскиот договор како пример за политички компромис, но постави прашање дали ваквите чекори се соодветно вреднувани во европскиот процес.

Претседателот на Собранието предупреди на паралелно постоење на „замор од проширување“ во ЕУ и „замор од стагнација“ кај земјите кандидати, што, според него, создава ризик од губење на довербата во европскиот проект.

Тој оцени дека проширувањето е политички процес заснован на доверба, кој бара одговорност и од ЕУ и од земјите кандидати.

Гаши нагласи дека регионот не смее да остане „сива зона“ во услови на засилени геополитички влијанија, додавајќи дека стабилноста на Европа е директно поврзана со интеграцијата на Западен Балкан.

„Реформите не можат да опстанат без кредибилен европски процес“, заклучи Гаши, потенцирајќи дека напорите на земјите кандидати мора да бидат препознаени и вреднувани.

Related posts

Владата го усвои новиот закон за игри на среќа – Меџити: Го тргаме коцкањето од училиштата, ја штитиме младината

admin

МЕЃУ ХИБРИДНИТЕ ЗАКАНИ, ЗАСКИТУВА И ПО НЕКОЈ УЧЕНИК?

ninja

М-НАВ: Почна со плискање вода, заврши со прелеана чаша

admin

ДУИ реагира на изјавата на премиерот Мицкоски

admin

Русија подготвува предлози за можен нуклеарен тест, потврди Лавров

admin

Кошта ја пресече дилемата? Филипче тврди дека останал само еден услов за ЕУ

admin