36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Владата го усвои новиот закон за игри на среќа – Меџити: Го тргаме коцкањето од училиштата, ја штитиме младината

Владата на Северна Македонија денеска го усвои новиот предлог-закон за игри на среќа, со кој се воведуваат построги правила за регулација на оваа индустрија, која со години беше критикувана за недостаток на надзор. Вицепремиерот Изет Меџити изјави дека целта на законот е заштита на младите и семејствата од негативните ефекти на коцкањето.

„Казината, обложувалниците и клубовите со автомати за игри на среќа повеќе нема да смеат да функционираат во близина на училишта и образовни институции. Ќе ја исчистиме околината на училиштата од влијанието на оваа деструктивна индустрија. Учениците повеќе нема да бидат изложени. Младината ќе биде заштитена – како што и заслужува“, изјави Меџити.

Законот предвидува зголемени даноци, построги лиценцни критериуми и засилени контроли врз операторите. Според владата, со новата регулатива ќе се отстранат од пазарот оние компании кои го злоупотребуваат системот и ги манипулираат потрошувачите.

„Ставаме крај на ерата кога профитот од коцкањето беше поважен од благосостојбата на граѓаните. Ова е закон за обичниот човек – закон што го штити ученикот, родителот и семејството“, додаде Меџити, нагласувајќи дека постои политичка волја за суштински промени.

Предлог-законот се оценува како чекор кон сеопфатна реформа во секторот за игри на среќа, со цел обезбедување транспарентност, одговорност и заштита на јавниот интерес.

 

 

Related posts

Гир загрижен, коридорите 8 и 10д не треба да се означат со европското знаме

admin

Нема простор за зголемување на пензиите, но неприфатливо е и платите да функционерите да растат неразумно – предупредија експертите

admin

Филипче: Северна Македонија губи милијарди евра поради застојот во ЕУ-интеграциите

admin

Милиони на улиците на Техеран: Иран го испраќа Хамнеи на „погребот на векот“

admin

Американски хеликоптер и борбен авион се урнаа во Јужното Кинеско Море, екипажите спасени

admin

Изборна еуфорија стивнува, бројките откриваат апатија и рекорден број неважечки ливчиња

admin