36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Владата го одобри Законот за верско средно образование – Медресата „Иса-Бег“ доби формален правен статус

Владата на Северна Македонија го усвои предлог-законот за Медресата „Иса-Бег“ во Скопје, со што реши едно од најдолготрајните прашања во областа на верското и културното образование во земјата. Одлуката беше поздравена од верските заедници и граѓанското општество како сигнал за политичка волја за еднаквост и интеграција.

„Усвојувањето на законот за Медресата ‘Иса-Бег’ претставува историски чекор, не само за муслиманската заедница, туку и за целото општество кое се стреми кон правда, инклузија и еднаквост“, изјави вицепремиерот Изет Меџити. „Ова е победа за правото на образование, за нашето културно наследство и за почитувањето на верскиот плурализам во државата.“

Медресата „Иса-Бег“, која има седиште во Кондово и подрачни одделенија во повеќе градови низ земјата, функционира со децении како верско образовна институција. Досега работеше со нестабилен правен статус, поради што дипломите што ги издаваше не беа формално признаени.

Со новиот закон, Медресата ќе биде интегрирана во националниот образовен систем и ќе работи во согласност со уставните и законските стандарди за средно образование.

„Ова не е само правен акт, туку јасна порака дека државата ги признава и почитува сите заедници подеднакво. Ќе продолжиме да работиме на унапредување на образовните и културните права на секој граѓанин“, додаде Меџити.

Реакции стигнаа и од Исламската верска заедница и претставници на граѓанскиот сектор, кои го поздравија чекорот како важен придонес за изградба на поправедно и инклузивно општество.

Директорот на Медресата, д-р Ислам Ислами, соопшти дека Владата го усвоила и Законот за верски средни училишта, со што се отвора можност за официјално признавање на дипломите што ги издава институцијата.

„Денеска е историски ден за нашата медреса. Со овој закон, дипломите ќе бидат признати од сите високообразовни институции во земјата и во странство“, напиша Ислами во јавна објава, оценувајќи ја одлуката како „голема победа по децениска битка“.

Тој упати благодарност до сите кои помогнале во процесот, посочувајќи го премиерот за неговото разбирање, првиот вицепремиер за поддршката, министерката за образование, заменик-министерот и другите кои, според него, одиграле клучна улога во постигнувањето на оваа цел.

Ислами изрази надеж дека законот ќе биде усвоен и во Собранието, охрабрувајќи ги пратениците да го поддржат, како што рече, овој значаен чекор за верското образование во земјата.

 

 

Related posts

Собранието започна дебата за ребалансот на Буџетот за 2025 година, СДСМ поднесе 160 амандмани

admin

Калаш контра Рубио: Европа не се соочува со „цивилизациско бришење“

admin

Пендаровски-Ескобар: САД стојат зад аспирациите за членство во ЕУ

admin

Шји ги повика светските сили да помогнат Русија и Украина да го обноват директниот дијалог

admin

Шест милиони евра субвенции за летови по нов модел

admin

Новинар и сопственик на портал приведени – Опозицијата обвинува за политички прогон и семејно влијание во полицијата

admin